Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Кои се предностите и недостатоците при купување на SUV автомобил
 
Spodeli
23 February 2017, 10:27


Кои се предностите и недостатоците при купување на SUV автомобил Hyundai Tucson Кои се предностите и недостатоците при купување на SUV автомобил
Популарноста на моделите од SUV сегментот расте на начин што најголем дел од производителите својот фокус го ставаат на ваквите модели, а веќе сериозно станува прашањето - дали и за кого се наменети моделите со SUV предзнак. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Една работа е кои се реалните придобивки, а друга работа е што луѓето мислат кога купуваат SUV или како што секој сака да каже - ЏИП. Неговото величество - џип. Зборот џип кај народот потекнува од сега веќе легендарната марка Jeep, па и кога се употребува како таков, веќе чудно звучо. Ако зборуваме за популарните SUV модели, секако дека модерни пионери се Toyota RAV4, како прв модел со таков изглед со планетарен успех во последните 20-тина години, и Vitara која го воодушеви светот и заради стилот и заради теренските способности, а која низ годините, со актуелниот модел стигна да припаѓа во SUV компакт сегментот. 

 
Добро е да анализираме зошто е добро да возите SUV, но и кои се недостастатоците на SUV моделите. 
 
Кога велиме дека споредуваме SUV со седан или лимузина, мислиме не SUV од типот на Hyundai Tuscon, Kia Sportage, Toyota RAV4, Honda CRV, Peugeot 3008, сите премиум модели со SUV карактеристики на BMW, Mercedes, Audi, или пак покомпактните Suzuki Vitara, S-Cross... листата на модели достапни и попоуларни во Македонија е долга. А, класични лимузина би бил автомобил од типот на VW Passat, Insignia, Mondeo, Peugeot 508... 
 
Во Македонија се чини главна причина за купување на SUV е тоа што носи имиџ, така барем купувачите мислат. Особено последните години кога голем дел од SUV моделите добиваат и прилично на лепота - дизајниране и поспортски, со лута маска, со купе елементи во задниот страничен дел.
 
 
Вака би изгледала листата на предности и недостатоци:
 
Предности на SUV
  • повисоко поставен подвозје, значи и поголема достапност до помалку пристапни терени, планински или со снег
  • повеќе простор по вертикала на задните седишта, особено згодно за семејства, за деца
  • подобра видливост заради повисоко седење, дополнително згодно при возење на автопат и при услови на претекнување
  • поголем волумен капацитет, особено со спуштени седишта, што значи и повеќе простор за пренос на поголеми објекти, од типот на ски опрема и сл.
  • зголемена безбедност во off-road услови, што особено е битно за луѓе со авантуристички дух
  • големите SUV-ја, особено тие со 3 реда може да соберат и повеќе патници, дури и 8, па и 9, што секако е невозможно во седан
  • Имиџ на на доверлив, модерен па и спорски автомобил
 
 
Недостатоци на SUV
  • помалку простор по должина, за нозете, и поинаква позиција на седење, што значи и помал комфор при возењето
  • полошо возење во смисол на комфор заради вертикални вибрации
  • послаба агилност при возењето, значи помалку динамично возење, што во превод значи и намалена безбедност заради помала веројатност за превртување при критични ситуации, особено заради повисокото подвозје
  • повисока потрошувачка, за мотори со слична сила, за 20-25%
  • помала излезна ефикасност од исти мотори, што значи и полоши перформанси во смисол на забрзувања. Истото се однесува и во однос на забавувањето, или кочењето
  • Инженеринг - за иста цена, би добиле технички многу понапредна лимузика, или седан
  • потешки за маневрирање на мал простор, помал агол на вртење, пошироки за на паркинг, особено поголемите SUV модели
  • повеќе бука заради помалку аеродинамична каросерија
  • 4x4 погон значи и дополнително повисока потрошувачка, поголема маса, помала агилност при возење, и веројатно помалку простор на задните седишта кај делот за нозете
  • помал избор на палети на достапни мотори и нивоа на опрема
 
Вреди да се спомене
различен пристап при седнување во автомобилот. Кај лимузините тоа е пониско, и за некого подобро, додека за постарите лица сигурно позгодно е седнувањето во малку повисоко поставените пристапи кон седиштата кај SUV моделите.
 
 
Безбедност
Тука е најдискутабилно. SUV моделите се побезбедни во возење на терен, побезбедни при евентуален судур, но кај седан или моделите со пониско тежиште има помала веројатност за превртување при критична ситуација. Замислете колку инерција може да издржи широк спортски автомобили наспроти било кое возило чија конституција е по висина, а не по ширина. Поентата е дека, кој е да е на власт, физика си е физика, и против неа никој не може.  
 
Заклучок
Реално, SUV се купува доколку ви е потребно повеќе простор, па купите навистина поголем SUV, и доколку навистина планирате да го возите надвор од урбана средина, за што и секако задолжително е 4x4. Во однос на сите други критериуми, нема логика да се купува SUV, кога класичен седан или лимузина автомобил реално носи повеќе привилегии.

Hyundai Tucson
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил