Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Нов и поголем Audi A1 пристигнува во 2018 година
 
Spodeli
19 January 2017, 14:38


Нов и поголем Audi A1 пристигнува во 2018 година Audi A1 Нов и поголем Audi A1 пристигнува во 2018 година
Достапна ќе биде и хибридна верзија, а најсилната верзија S1 ќе развива неверојатни 250 коњски сили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Audi A1 од првата генерација премиерата ја имаше далечната 2010 година. Малиот градски премиум автомобил кој го пронајде патот до срцата на купувачите, пристигнува во целосно ново руво во следната генерација.

Следната генерација на овој модел ќе пристигне во 2018 година, а кога ќе се појави во салоните ќе биде подолга и поширока од актуелниот модел.

Тоа значи повеќе простор на задните седишта и во багажниот простор. Новиот Audi A1 графиката на светлата ќе ја превземе од комапктот А3, додека внатрешноста ќе биде пресликана од други модели. Виртуелниот кокпит ќе биде понуден како опција.
 
 
Основниот модел ќе го придвижува 3-цилиндарски 1.0 литарски мотор, но веројатно ќе развива нешто повеќе од моменталните 94 коњски сили. Audi ќе го доработи 1.4 литарскиот бензински мотор, како и 1.6 литарскиот дизел мотор.
 
Купувачите ќе можат да избираат и помеѓу хибриден погонски склоп, а најсилната верзија на овој модел ќе биде S1, која ќе развива околу 250 коњски сили.
 

Audi A1
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил