Еден од високите функционери на VW е уапсен, а за петмина високи се трага бидејќи истрагата која е во тек утврдила дека намерно се уништувале доказите кои се поврзани за Dieselgate скандалот.
Се работи за документи и електронски мејлови. Исто така, утврдено е дека и пред избивањето на скандалот знаеле за целокупната ситуација, но свесно и понатаму одлучиле да кријат од јавноста.
Откриено е дека и идејата околу лажирањето на потрошувачката и издувните гасови се јавила околу 2006 година, кога била донесена стратешка одлука за силното присуство на пазарот во САД, а постоечките мотори не можеле да ги задоволат строгите норми поставени од надлежните.
Се претпоставува дека преостанатите пет функционери моментално се кријат во Германија.
|