FCA ќе го прескокне автомобилскиот саем во Детроит за да настапи на CES, каде што ќе го претстави концептот Portal.
Новиот концепт може да прими и шест лица, а замислен е како средина за социјални настани. Акцентот кај овој концепт е ставен и на достапноста на природно светло, каде што најголем допринс има транспарентниот кров и зголемената стаклена површина.
Portal концептот има можност за автономно возење, а има и автономија од дури 402 километри. Енергијата ја добива од батерија со капцитет од 100 kWh, а со брзо полнење за само 20 минути може да се наполни за автономија од околу 240 километри.
|