Откако BMW пред неколку недели доби дозвола за тестирање на самоуправувачки автомобили по јавните патишта во Германија, тукушто истата дозвола ја доби и Mercedes-Benz.
Поточно, Mercedes-Benz ја обнови дозволата од 2011, а новата дозвола овозможува тестирање на возила опремени со новиот Даимлеров систем за самоуправувачки возила кои го носат името DAVOS.
Во текот на тестирањето, во секој момент во возилото мораат да бидат два возачи кои ќе бидат спремни да реагираат доколку техниката откаже.
|