Во голем дел од светските држави, властите воглавно го субенционираат купувањето на хибридни и електрични автомобили, а развојот на зелените возила и носи на нашата планера многу бенефиции. Американската држава Мичиген го прави токму спротивното.
Таа на сопствениците на хибридни и електрични автомобили им го зголеми данокот на регистрација на автомобилите. Зошто? Пари, и само пари.
Возачите на еколошките возила трошат помалку гориво, па се помалку пари се слеваат во благајната на државата Мичиген. Возачите на хибридните автомобили во 2017 година ќе мора да платат 47,50 долари повеќе, а сопстениците на електрични автомобили дури 135 долари повеќе.
Па вие сега спасувајте на Земјата. Жалосно е тоа што Мичиген не е единствената американска држава, која ги казнува возачите на хибридни и електрични возила.
Во Вајоминг, Колорадо, Небраска, Мисури и Џорџија сопствениците на еколошки автомобили мораат дополнително да платат данок за користење на патиштата.
|