Во Mercedes си ја знаат работата. Без оглед на тоа што во последните три сезони германската екипа има три поединечни и три конструкторски наслови, шансата за добра реклам никогаш нема да ја пропуштат.
Всушност, така можеби ќе привлечат и уште повеќе спонзори. Шефот Тото Волф на тестирањето ја повика легендата на MotoGP, Валентино Роси и рели шампионот Себастијан Огиер.
Mercedes во Силверстон зад воланот го стави шампионот на MotoGP Јорге Лоренцо, па нема причина зошто Германците тоа да не го повторат со Роси и Огиер. Роси веќе има искуство со Formula 1. Тој ги има тестирано болидите на Ferrari во 2006 и 2008 година.
Секој пат, возеше повеќе од 100 круга. Тестирањето за Mercedes можеби ќе значи неверство за Ferrari, но како да одбијам ваква шанса? – изјави Роси.
Огиер, четирикратниот WRC првак, никогаш не седнал позади управувачот на F1 болид.
|