Фелипе Маса (35) не издржа долго во пензија. Од последната трка во Абу Даби не поминаа ниту месец дена, а бразилскиот возач веќе договори нов договор.
Ќе остане во Вилијамс уште една сезона. Челниците го замолиле бразилскиот возач да им помогне да ја пребродат 2017 година, која ќе биде година на сериозни промени во правилата. Во Вилијамс сакаат и искусен возач, бидејќи нешто порано го ангажираа 18-годишниот Ланче Строла.
Враќањето на Маса значи само едно, Ботас заминува од Вилијамс. Финскиот возач би требало во Мерцедес да го замени пензиониораниот Ник Розберг.
|