Uber пред неколку дена го најави почетокот на тестирањето на самоуправувачките автомобили во реални услови, поточно, низ улиците на Сан Франциско.
Откако нивната дозвола беше одобрена, следниот ден веднаш беше повлечена, и тоа поради евидентирано преминување на црвено светло, а работата да биде уште полоша, на пешачкиот премин се наоѓал и пешак.
Uber се огласи, и истакна дека тој автомобил не бил во самоуправувачки режим на работа, туку бил управуван од страна на технички лице, кое веднаш било суспендирано. Uber исто така наведе дека и тој автомобил, не е дел од пилот тестирањето.
Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
|