Европските возачи повеќе нема да бидат во можност да дојдат на полнач на Tesla и таму да го остават автомобилот се до завршетокот на работниот ден.
Tesla Motors одлучи да го наплатува престојувањето на полначите се со цел другите корисници брзо да дојдат на ред. За секоја минута повеќе, помината на полначите откако автомобилот ќе ги наполни своите батерии, корисниците на оваа марка во Европа ќе треба да платат 0,35 евра.
Доколку сопственикот се појави пет минути после завршувањето на полнењето, нема да мора да плати ништо. Од Tesla велат дека автомобилите и на класичните бензински станици не се задршуваат откако ќе наточат гориво, па зошто тоа да биде случај и со полначите на Tesla?
Tesla Motors ширум светот има 715 станици за полнење на батериите, а 86% од нив во западна Европа се меѓусебно оддалечени најмногу 241 километар.
|