Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Пристигна новиот S-Cross
 
Spodeli
04 December 2016, 13:50


Пристигна новиот S-Cross Suzuki S-Cross Пристигна новиот S-Cross
Лидерот во класата на компактни SUV модели ја доживеа и својата реинкарнација. Најновата моделска изведба е веќе достапна и во Македонија, во салонот на Миркат...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Глевен новитет кај новиот модел се новите и напредни BOOSTERJET мотори, со зафатнина од 1.0 и 1.4 литри, со 112 и 140 КС соодветно. Со комбинирана потрошувачка од само 5.0 литри кај 1.0 моторот, Suzuki e лидер во класата кога станува збор за ниска потрошувачка, секако носејќи притоа високи перформанси. Високите перформанси и ниската потрошувачка се должат и на каросеријата која изработена од челик со висока јакост, како и фактот дека сите мотори се опремени со Auto Stop Start систем, кој автоматски го згаснува моторот кога возилото стои. S-CROSS има и извонредно низок отпор на воздухот (за автомобил со SUV карактеритики), што дополнително допринесува за аеродинамика која ги зголемува перформансите и ја намалува потрошувачката.

Освен новите Boosterjet бензиски мотори, на располагање е и 1.6 дизел агрегат кој развива високи 320 NM при само 1.750 врт/мин, благодарение на употребата на турбо полнач со променлива геометрија.
 
 
Помалиот 1.0 BOOSTERJET (112 КС) и има вртежен момент од 170 Nm достапен од 2.000-3.500 вртежи во минута, бројки карактеристични за атмосферски мотор со зафатнина од 1.8 литри. Споредено со претходниот агрегат со зафатнина од 1.6 литри, 1.0 BOOSTERJET моторот има 9% повисок вртежен момент, 11% пониска емисија на CO2 и 10% пониска потрошувачка.
 
Поголемиот 1.4 BOOSTERJET (140 КС) и вртежен момент од високи 220 Nm достапни уште од 1.500 вртежи во минута, што е 41% повеќе од претходниот бензинец со зафатнина од 1.6 литри. Исто така, овој модел има и 17% повеќе сила и 4% помала потрошувачка на гориво. Ова се импресивни бројки за бензинец со 140 КС, со кој S-Cross достигнува 100 km/h за само 10,2 секунди и максимална брзина од 200 km/h.
 
Со повиок дизајн на предната хромирана маска, кој придонесува за помоќен изглед, како и зголемено растојание од подлогата, кое сега изнесува 180 mm (165 mm кај постариот модел), новиот S-Cross сега добива поробусниот изглед. Новите предни фарови и задните светла со LED осветлување пак, придонесуваат за малку поостар и современ визуелен идентитен.
 
Новитет е и 7 инчниот дисплеј на допир, а карактеристичниот ентериер на S-Cross сега добива подобрена пластика за изработка на предната конзола, која е мека на допир, нова рамка на централната конзола и нова ткаенина за седиштата. Како и претходно, S-Cross нуди доволно простор во кабината за пет возрасни патници и целиот нивен багаж, додека панорамското стакло со двоен механизам за лизгање поставено на покривот има еден од најголемите отвори во својата категорија (560 mm).
 
 
Секако дека најновата генерација на ALL Grip технологијата за погон на 4 тркала е вграденa и во новиот модел. Четирите режими на работа на All Grip ги карактеризира беспрекорна безбедност при секакви услови на возење.
 
ALLGRIP погонот на сите тркала на Suzuki овозможува и најниска потрошувачка и емисија на штетни гасови во својата класа – 1.0 BOOSTERJET моторот со мануелен менувач испушта само 119 g/km CO2 во атмосферата, додека 1.4 BOOSTERJET моторот со мануелен менувач испушта само 127 g/km CO2. Дизелот со ALLGRIP погон пак испушта само 114 g/km CO2 во атмосферата.
 
S-Cross е достапен во три нивоа на опрема, GL, GLX и GL Plus. Со почетна цена од 15.900 Евра, богата упрема уште од основниот модел, S-Cross сигурно треба да виде ваш фаворит во изборот на компактен SUV, особено што Suzuki нуди 5 години гаранција за сите свои модели. 
 
Повеќе за S-Cross може да видите на следниот линк
 
http://mirkat.mk/html/html-s-cross-2016/s-cross-2016-naslovna.html

GL
 
START/STOP систем
Серво управувач
Аудио команди на управувач
Управувач со висинско и длабинско подесување
Cruise control - темпомат
Клима уред
7 воздушни перници
ABS+EBD
ESP+TCS
USB конекција
Bluetooth контроли на управувачот
Радио CD MP3 WMA со 4 звучници
Hill Hold - помош при тргнување на нагорнина
Возачко и совозачко седиште подесиви по висина
Автоматско нагодување на предни седишта
Светло за магла назад
Надворешни рачки за врата во боја на каросерија
Потпирач за рака на централна конзола
Далечинско централно заклучување
Електрика на предни и задни прозори
Ограничувач на брзина
Аларм заштита од кражба
Имобилизатор, систем за заштита од кражба
Патен компјутер
Индикатор со препорака за степен на пренос
Индикатор за низок притисок во пневматици
Делива задна клупа 60:10
Isofix за детско седиште
Предни, задни и странички поткрила
Преграда за двојно дно во багажник
Штитници за сонце со огледало за осветлување
Сет за поправка на пневматици
16 инчни челични тркала со 215/60R16 пневматици
 
GL Plus
 
Автоматски клима уред - двозонски
Кожен управувач
key-kess пристап и стартување без клуч (со копче)
Автоматски светла
Автоматски брисачи со сензори за дожд
Автоматско затемнување на внатрешен ретровизор
Аудио екран на допир со камера за паркирање
Грејачи на предни седишта
Канали за греење на задни седишта
Грејачи на ретровизори
Алуминиумски бандажи 17"
LED дневни светла
Bi-Xenon светла
Систем за миење предни светла
Електрично преклопливи ретровизори
Трепкачи на ретровизори
Светла за магла напред со хромиран детаљ
2 високотонци
Хромирана лајсна околу прозори
Затемнети термоизолациони задни стакла
Потпирач за рака на задни седишта
Хромирани кровни носачи
 
GLX
 
Врска со паметен телефон + Навигација
Радарска поддршка за сопирање RBS
Сигнал за итно запирање ESS
Прилагодлив cruise control - темпомат
Паркинг сензори напред и назад
Алуминиумски бандажи 17" полирани
Доплата за сончев кров и кожа 123.600 ден.
 
 

Suzuki S-Cross
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил