Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Претставен Mercedes-Maybach S650 Cabriolet
 
Spodeli
20 November 2016, 18:48


Претставен Mercedes-Maybach S650 Cabriolet   Претставен Mercedes-Maybach S650 Cabriolet
За клиентите на Mercedes, со дефинитивно најдлабок џеб, во Лос Анџелес е претставена Maybach S 650 Cabriolet верзија од актуелната S-класа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што беше и најавено, Mercedes во Лос Анџелес премиерно го прикажа својот нов суперлуксузен модел од Maybach линијата – S650 Cabriolet.
 
 
Што се однесува до самата основа на возилото, таа е превземена од веќе постоечката S-класа Cabrio, со тоа што Maybach верзијата поседува солиден број детали кој го прават единствен во однос на постоечкиот модел. Пред се, тоа се Swarovski кристалите, изгравирани во предната светлосна група, големите тркала од 20 инчи, како и предниот браник со изобилие на хромирани елементи.
 
 
Секако, во склад со Maybach брендот, сето она што кај Mercedes S-класа Cabrioelt е како опционо, кај S 650 се нуди во списокот на сериска опрема, вклучувајќи ги и фамозните Airscarf и Aircap системи, специјално развиени за кабриолет верзијата на Mercedes. Паралелно со тоа, како поклон доаѓа и сет куфери, кои се состои од две поголеми и две помали торби, изработени од иста боја на кожата како и ентериерот на возилото.
 
 
Под хаубата се наоѓа, како што и ознаката наговестува, силниот 6,0 литарски V12 twin-turbo бензински мотор, кој ја придвижува и S65 Mercedes-AMG лимузината, а испорачува околу 630 коњски сили со фантастични 1000 Nm максимален вртежен момент. Силата се пренесува по пат на седумстепен 7G Tronic автоматски менувач директно на задните тркала, а од 0 до 100 километри овој луксузен кабриолет стигнува за само 4,1 секунда.
 
 
Цената на овој модел се уште не е позната, но јасно е дека ќе биде значително повисока во однос на Mercedes-AMG S65 Cabriolet, кој моментално во Германија стартува од минимални 246.985 евра. Како вистински додаток на цената, можеме да го земеме во предвид фактот дека овој автомобил ќе биде произведен во лимитирана серија од само 300 примероци.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил