
Аферата “dieselgate” тешко го погоди Volkswagen, а за да ја надокнати загубата, шефовите ќе ја намалат работната сила.
Ќе отпуштат 30.000 работници ширум светот со образложение дека тоа е единствениот начин за да се спаси компанијата.
Германците до 2020 година, сакаат да заштедат 3,7 милијарди евра, а тие пари би се вложиле во развој на електрични и автономни автомобили. Во тој процес во идните неколку години би можеле да се отворат околу 9.000 нови работни места.
|