Автомобилите мораат да бидат вратени на сервис поради неисправни Takata воздушни перничиња.
Toyota продолжува со отповикувањето на автомобили. Овој пат на сервис мора да заминат 5,8 милиони возила, од кои 1,47 милион во Европа.
Погодени се моделите Corolla, Yaris, Hilux и Etios, произведени помеѓу 2000 и 2001, 2006 и 2014 година.
Проблемот се јави со воздушните перничиња на Takata компанијата. Воздушните перничиња содржат хемиски елементи, кои може да предизвикаат експлозија доколку автомобилот е изложен на високи температури подолго време.
|