Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Toyota го гаси моделот Avensis, ќе биде заменет со SUV?
 
Spodeli
24 October 2016, 02:05


Toyota го гаси моделот Avensis, ќе биде заменет со SUV? Toyota Avensis  Toyota го гаси моделот Avensis, ќе биде заменет со SUV?
SUV и кросовер автомобилите имаат толкава експанзија на пазарот, што јапонскиот производител најверојатно ќе престане да го произведува својот популарен седан...?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Четвртата генерација на Toyota Avensis најверојатно нема да дојде на пазарот.
 
 
Продажбата на автомобилот од D сегментот во Европа веќе неколку години бележи пад, па произведувачите се фокусираа на други сегменти кои се поисплатливи.
 
Такво размислување владее во Toyota, имајќи во предвид дека поголемиот дел од купувачите се заинтересирани за кросовери и СУВ автомобили, отколку за седани од средна класа.
 
Третата генерација на Avensis моделот пристигна на пазарот во 2009 година, а во меѓувреме, седанот беше двапати освежен, во 2012 и 2015 година.
 
На тој начин, челниците на Toyota сакаа да ја задржат нејзината конкурентност. Освен освежената надворешност, Toyota побара два нови дизелски мотори од BMW, 1.6 D-4D со 110 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, како и 2.0 D-4D со 141 коњска сила и 320 Nm вртежен момент.
 
Челниците на Toyota се уште не донеле службена одлука за новиот Avensis, но извесно е дека четврата генерација нема да пристигне на пазарот.

Toyota Avensis
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил