Елон Маск на својот Твитер профил потврди дека нарачките за Model 3 непрекинато стигнуваат. Поточно, автомобилот е распродаден за првата година од производство.
Во превод, доколку порачате денес Tesla Model 3 вашиот автомобил ќе биде најрано испорачан на вашата адреса во средината на 2018 година.
Според тоа, не е ниту сигурно дали во иднина ќе бидат објавени службените информации за тоа кога започнува производството на Model 3. На службената страна на Tesla, пишува средината на 2017 година, но точниот датум се уште не е дефиниран.
Tesla засега прими повеќе од 400.000 порачки за Model 3, кој ќе чини 35.000 долари. Автономијата на овој електричен автомобил ќе изнесува 346 километри.
|