System.ArgumentOutOfRangeException: Length cannot be less than zero. Parameter name: length at System.String.Substring(Int32 startIndex, Int32 length) at novosti_vnatresna.Ispolni() in c:\HostingSpaces\koli\app.koli.com.mk\wwwroot\novosti_vnatresna.aspx.cs:line 398 koli.com.mk - Peugeot 2008 - Возевме: Peugeot 2008 порасна во чистокрвен урбан SUV
Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Новитет > Возевме: Peugeot 2008 порасна во чистокрвен урбан SUV
 
Spodeli
10 October 2016, 12:49


Возевме: Peugeot 2008 порасна во чистокрвен урбан SUV Peugeot 2008 Возевме: Peugeot 2008 порасна во чистокрвен урбан SUV
Неодамна објавивме дека новата 2008-ка на Peugeot пристигна и на нашиот пазар, а сега имавме можност и да го повозиме освежениот модел, чии промени главно се однесуваат на цементирање на SUV карактерот на возилото...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За таа цел 2008 вистински порасна, односно Peugeot го подигна возилото од подлогата за 15 mm во однос на стариот модел, па сега клиренсот изнесува 180 mm. Ова е направено со цел малку подобри перформанси на нерамен терен, но и за засилување на визуелниот карактер, особено што купувачите се повеќе и повеќе сакаат возила кои се оддалечени од подлогата.



Механиката е иста како кај претходникот, но тука и нема потреба од големи промени – PureTech бензинските мотори со три цилиндри повторно добија награда за најдобри во својата категорија на изборот на “Engine of the Year 2016” (1,0 до 1,4 литри зафатнина), додека Blue HDi дизел моторите се веќе етаблирани како водечки во сегментот во поглед на перформансите, еластичноста и ниската потрошувачка.

Дизајн – мускулест, темпераментен и заводлив
Уште кога ќе го упатите првиот поглед на новата 2008-ка, не можете да не ја забележите новата предна маска. Таа е сега многу поголема и седи гордо и исправено, а воедно и многу подобро прилега на предната светлосна група. Всушност, заедно со малку подигнатата каросерија, предната маска е доволна да му даде многу помускулест изглед на возилото, што особено е видливо кај моделите со новите две бои – Ultimate Red и Emerald Crystal.



Целосно, автомобилот остава посебен впечаток, различен од скоро секој друг модел во класата. Peugeot 2008 има и авантуристички и урбан дух кои благодарение на модерните детали, како светлосната група во задниот дел со 3D графика, оставаат многу пософистициран и помодерен впечаток.

Одлични перформанси и ниска потрошувачка
Моторизацијата можеби е целосно преземена од моделот пред фејслифтот, но сите мотори ги задоволуваат Euro 6 нормите и се исклучително економични и агилни. Особено ни се допадна PureTech бензинецот со 110 КС, кој повлекува од пониските вртежи и не застанува до црвеното поле, а троши само 4,4 литри гориво во просек. Моторот го карактеризира и прилично интересен, спортски звук, кој дополнително ја зголемува забавата во возењето.



Него можевме да го пробаме со мануелниот менувач со пет брзини, но и со роботизираниот автоматски менувач со 6 брзини. Автоматскиот менувач е многу подобрен од последната генерација – брзините ги менува побрзо и многу поспремно реагира кога силно ќе ја притиснете педалата за гас, а воедно е покомфорен, односно префрлањето од една кон друга брзина оди многу помазно.

Од дизел моторите ги пробавме изведбите на Blue HDi 1,6 литарскиот агрегат со 100 и 120 КС и особено ни се допадна нивната еластичност и исклучително тивката работа. Како и секогаш, Blue HDi дизелите на PSA групацијата овозможуваат брзо но релаксирано возење, притоа трошејќи многу малку гориво, поточно 3,6 литри на 100 km, што е рекорд во мини SUV класата. Не помалку важно – дизелите имаат двоен катализатор, кој ја намалува емисијата на отровните азотни оксиди и партикуларни честички, кои се најчесто одговорни за смогот во градовите.

Поголем клиренс, но подобрена динамика и поголема удобност

Физичките закони велат дека ако некое возило е поставено повисоко од подлогата, ќе загуби на агилноста и динамичноста. Сепак, тука инженерите очигледно се потрудиле да ги задржат добрите возни својства на 2008-ката и ни дури и почувствувавме мало подобрување во начинот на кој вози.



Прво, амортизацијата подобро се справува со поголемите дупки и помалку ги пренесува вибрациите во внатрешноста, а делумно е подобрена и целосната динамика на автомобилот. Забелешките од претходниот модел за недоволно прецизното управување сепак остануваат, но тоа е делумно покриено со малиот волан, кој одлично лежи во рацете и е вистинско задоволство да се користи.

Peugeot 2008 може да се пофали и со прилично тивка кабина – моторите се добро пригушени и не се огласуваат во кабината дури ни при повисоките вртежи, а работат и со многу малку вибрации. При повисоки брзини и натаму се слуша малку повеќе звук од ветерот, но тоа е очекувано за модел од мини SUV класата.

Grip Control систем за висока стабилност независно од подлогата
Како и претходникот, освежената 2008-ка нема модел со погон на сите четири тркала, но затоа има Grip Control, кој е компјутерски контролиран систем што помага во полесно совладување на најразличните типови на подлога, како влажен асфалт, снег, песок, кал итн.



Grip Control има пет режими на работа – стандарден за возење по асфалтен пат, Snow (наменет за лесно тргнување на многу лизгава подлога), All-Terrain наменет за задржување на линијата на движење на лизгав терен, Sand режим наменет за лесно тргнување доколку автомобилот се заглави во песок и ESP off, кој му овозможува на возачот сам да ја подеси влечната сила на автомобилот до 50 km/h.

Предност на новата 2008-ка е и повисокиот клиренс, кој сигурно е добредојден на поголемите нерамнини и високи камења на терен.

Пространа кабина и голем багажник
Peugeot 2008 е исклучително функционален автомобил. Во кабината има комфорен престој за 4 возрасни патници, а особено ни се допадна што покривот во задниот дел е делумно подигнат, што остава доволно простор за главата дури и за повисоките патници, нешто што не е случај со повеќето модели во сегментот.

Багажникот пак брои високи 410 литри, што е подобар резултат дури и од многу модели од компактната класа, а под него има дополнителен простор од 22 литри. Со спуштање на задната клупа пак се добиваат 1.400 литри простор, а за пофалба е и нискиот раб на товарање – со 2008 товарот ќе треба само малку да го подигнете од земјата за да го ставите во багажникот.



Зад воланот пак повторно не пречекува Peugeot i-Cockpit дизајнот на инструмент таблата, која е поставена над воланот. И натаму во некои конфигурации воланот го попречува погледот кон инструментите, но затоа за да ги погледнете не мора многу да се оттргнува погледот од патот, бидејќи тие се поставени мошне високо.

Средната конзола е иста како и претходно и тука доминира големиот дисплеј на допир, кој е прилично лесен за користење и кај кој ни се допадна што има неколку хардверски копчиња, како она за гласноста.

Цени од 15.280 евра за бензинецот, 16.980 евра за дизелот

Новата 2008-ка почнува од 15.280 евра за 1,2 PureTech со 82 КС, односно 16.980 евра за BlueHDi со 75 КС и ACCESS ниво на опрема. Ова ниво вклучува целосна опрема за безбедноста – ABS+ESP+AFU+REF, 6 воздушни перничиња, темпомат, детектор за притисок во пневматиците, варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина, централна со далечинско, LCD дисплеј во бела боја, патен компјутер, делива задна клупа во сооднос 2/3 на 1/3 со наслони за глава и ISOFIX, челични тркала со големина 195/65 R15, рачки и ретровизори во боја на каросеријата, надолжни кровни носачи во сива боја, заден кровен спојлер, електрични и греени ретровизори и 3D LED задни светла. Повеќе информации за останатите мотори и моделски изведби можете да добиете на следниов линк.

Во моментов за Peugeot 2008 има и продажна кампања, со помош на која може да го поседувате овој автомобил за само 175 евра месечно. За повеќе информации за кампањата треба да се обратите во салоните на Peugeot.

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 




Најпопуларни
 


Повеќе >
 
Архива - Новитет


Одберете нов автомобил