Според најновите информации за новата генерација на Mеgane, се чини дека францускиот компактен „атлетичар“ ќе остане верен на своите корени. Поточно, овој автомобил ќе го задржи мануелениот пренос како стандард, додека 7-брзински автоматски менувач со две спојки ќе биде понуден како додаток.
Во тестовите прикажано е како верзијата со рачен менувач е подобра при забрзување до 100км/ч, отколку онаа со потешкиот автоматски менувач, иако таа е опремена со „Launch Control“. Од друга страна пак, моделот со автоматски менувач постигнува подобри времиња на патека.
Понатаму, гласините велат дека новиот Megane RS ќе биде опремен со систем за контрола на сите четири тркала, наречен „4Control“ , кој ќе има позитивен ефект на агилноста и возните својства и покрај зголемента тежина. Овој систем исто така треба да биде достапен како дополнителна опрема.
Да претпоставиме дека овој модел ќе има пет врати, за разлика од својот претходник, а ќе биде напојуван од страна на новиот 2.0-литарски 4-цилиндричен турбо мотор со 300 КС. Инаку, погонот ќе биде на предните тркала, а Megane RS ќе биде достапен во Sport, Cup и Trophy верзии.
Големо внимание е посветено на намалување на тежината на возилото, особено како резултат на растот во големина, нова опрема за безбедност која дебитираше во последната генерација. Еден од начините за одржување на телесната тежина во прифатливи рамки секако е користењето на напредни и полесни материјали, но засега немаме попрецизни информации околу тоа какви материјали се корстени.
Официјалната премиера, наводно, ќе се одржи на саемот во Франкфурт на есен следната година.
|