Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Mercedes Generation EQ
 
Spodeli
30 September 2016, 16:11


Париз 2016: Mercedes Generation EQ    Париз 2016: Mercedes Generation EQ
Mercedes на саемот за автомобили во Париз пристигна со футористички концепт на електричен СУВ кој го носи името Generation EQ, а кој во сериско производство се очекува во 2019 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Една од главните ѕвезди на штандот на Mercedes во Париз е секако атрактивниот концепт на електричен СУВ автомобил кој го носи името Generation EQ, кој не само што е претставник на возилата со нулта емисија на штетни гасови, туку е воедно и првиот чисто електричен автомобил кој излегол од погоните на Mercedes.
 
 
Она што е исто така интересно да се спомене е што ознаката EQ најверојатно ќе биде резервирана за посебна серија возила, како што е случај и со Maybach, со што во иднина, сите чисто електрични автомобили од Mercedes ќе го носат името EQ.
 
 
Сериското производство базирано на претставениот концептуален модел се планира за 2019 година, при што моделот би имал литииум-јонски батерии, со капацитет од преку 70 kWh, кои ќе му овозможат автономија до 500 километри, што е повеќе од добар резултат имајќи ја во предвид класата на возила.
 
 
Визуелно и по димензиите, концептот помалку потсетува на актуелниот GLC Coupe, но и истовремено е единствен благодарение на футористички осветлената предна маска, во која е инкорпориран не само знакот на компанијата, туку и главните светлосни групи.
 
 
Силата на овој електричен СУВ автомобил ја обезбедуваат два електромотори, еден при секоја осовина, што со самото тоа нагласува дека овој автомобил нема само погон на сите четири тркала, туку и моност за векторирање на вртежниот момент на самата осовина помеѓу тркалата се со цел добивање што подобра возна динамика.
 
 
Вкупната сила на електромоторите е декларираната на 300 киловати, со максимален вртежен момент од дури 700 Nm. Според информациите, концептот благодарение на тоа, од 0 до 100 километри на час би стигнувал за помалку од пет секудни.
 
 
Ентериерот на возилата исто така е во склад со футористички тенденции на надворешноста, во кокпитот доминира голем 24-инчен монитор со високи резолуција, а покрај него, тука е и мултифункционален волан со таканаречена тачпад површина на самиот управувач и OLED дисплеи.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил