Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Претставен Audi RS3 седан
 
Spodeli
30 September 2016, 14:23


Париз 2016: Претставен Audi RS3 седан   Париз 2016: Претставен Audi RS3 седан
Покрај популарниот Q5, Audi на саемот за автомобили во Париз го претстави и RS3 седанот, под чија хауба се крие моќен петцилиндарски мотор со моќност од 400 коњски сили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со претставувањето на новиот Q5 модел, Audi не го кажа последниот збор во Париз, што посебно ќе ги израдува љубителите на компактните спортски лимузини.
 
 
Од Инголштат пристигнува врвна RS3 седан верзија со четири врати, нешто што досега овој произведувач не го нудеше во својата богата понуда.
 
 
Врвниот спортски стајлинг се изразува на сите страни, а погонскиот агрегат 2.5 TFSI, изработен од аломиниум ослободува импресивни 400 коњски сили, што го прави најсилниот петцилиндарски мотор на светот.
 
 
Во конфигурацијата со S-tronic менувачот и Quattro погонот, овој мотор овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 4,1 секунда. Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, но електронската блокажа, по желба на сопственикот може да се промени, при што максималната брзина ќе се искачи на 280 километри на час.
 
 
За сопирање на овој автомобил задолжени се големи дискови со пречник од 370 милиметри, со дури осум сопирачки клипови. Опциони, ќе бидат во можност да се порачаат и карбон керамички сопирачки.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил