Неговата специфична футуристичка форма ги остави воодушевени сите посетители на Францускиот саем за автомобили, како и еден чекор поназад сите дизајнерски студија.
Сите оние, кои имаа шанса да забележат одреден дел кој им привлече најголемо внимание, изјавија дека тоа е хексогоналното отворање на вратите.
Оценувајќи според стајлинкот, овој концепт е типичен француски дизајн. Долг, елегантен, со здебелени линии, за чиј изглед дополнително се погрижува ентериерот кој зрачи во светло црвена боја, создавајќи реален контраст во однос на бојата на надворешниот дел од автомобилот.
Ефектот кој го остварува хексогоналното отворање на вратите е неверојатен, уште еден доказ дека дизајнерските и инженерските реженија на Renault се еден чекор пред останатите.
Уште еден интересен детал е осветлувањето во внатрешноста на автомобилот, кое дава посебно чувство на уживање, како и целосно модернизираната табла на автомобилот на која возачот ќе има контрола над сите функции во автомобилот.
|