Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Легендарната Delta пристигна и кај нас
 
Spodeli
28 October 2009, 16:32


Легендарната Delta пристигна и кај нас Lancia Delta Легендарната Delta пристигна и кај нас
Најновата реинкарнација на најуспешниот модел во минатото од рели трките, Lancia Delta, пристигна и на нашиот пазар. Ѕвездата на филмот “Ангели и Демони” и најнапредниот автомобил во Fiat групацијата, зрачи со енергија карактеристична само за автомобилите направени од фанатичните Италијанци....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Lancia Delta веднаш се препознава по модерниот дизајн кој целосно одговара на неспоредливиот стил на Lancia од последните години. Најдоброто од  себе го искажува кога во неа ќе се сместат нејзините патници. Веднаш се чувствува удобноста со исклучителен амбиент  на  рафинираност и удобност, богатство на бои и квалитет на материјали.

Покривот наречен Noise Absorbing Roof гарантира идеална звучна изолација додека големите странични стакла овозможуваат одлична осветленост која дополнително е зголемена со подвижниот покрив која опфаќа 80% од вкупната површина.

Она што го чини ова возило оригинално е примената на скапоцени материјали – од кожа Alcantara – за ентериерот и командната табла во Benova.

Lancia Delta изразува вредности на елеганција и темперамент и во делот на моторите и механиката.. Во комбинација со шестостепени менувачи  (мануелен, роботизиран или автоматски), на располагање на Lancia Delta ќе бидат најнапредните мотори на Fiat групацијата: 1.4 Turbo Jet од 120 КС и 150 КС (бензински) и 1,6 turbodiesel Multijet со 120 КС (Euro 5) со роботизиран менувач.

На овие се приклучуваат и два сосема нови: 2.0 Multijet од 165 КС и 1.9 Twin Turbo MultiJet од 190 КС. Дополнително гамата е комплетирана со уште еден иновативен мотор: 1.8 Di TurboJet од 200 КС (“со директно впрскување на бензин” со автоматски менувач со 6 степени). Сите мотори ќе ги задоволуваат Euro 5 стандардите, што е јасен показател за врвната технологија употребена во нив.

Цената на основниот модел на Delta, со бензинецот со 120 КС ќе биде 17.990 евра, што е извонредно малку со оглед на премиум класата на која Lancia и припаѓа.


Lancia Delta
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил