Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Hyundai RN30
 
Spodeli
30 September 2016, 11:38


Париз 2016: Hyundai RN30  Париз 2016: Hyundai RN30
Hyundai сериознно се подготвува за влегување во хот-хеч класата, а првиот претставник ќе биде базиран на концептот RN30, кој штотуку дебитираше на Саемот за автомобили во Париз...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да, и Hyundai се посериозно размислува за својот хот-хеч претставник, а токму ова го потврдува и саемот за автомобили во Париз, каде што јужнокорејскиот производител претстави концепт под името RN30, развиен од страна на Hyundai Motorsport оделението, како и Performance Development & High Performanse секторот.
 
 
Концептот RN30, кој во сериска форма, следната година би требало да ја понесе ознаката i30N, ќе биде придвижуван од страна на 2,0 литарски турбо мотор, специјално развиен за високи перформанси, со голем број компоненти изработени со ковање, наместо класична постапка односно лиење.
 
 
Силата на агрегаторот е декларирана на 375 коњски сили, со 450 Nm вртежен момент, а погонот е на сите четири тркала, преку автоматизиран менувач со двојно квачило. Тука е и неизбежниот електронски диференцијал со ограничено пролизгување, кое се грижи за распределба на вртежниот момент помеѓу тркалата.
 
 
Со агрестивен пристап, пред се благодарение на аеродинамичките додатоци, тркачките спецификации, мускулите, големите спојлери и дифузерот за воздух, како и малата висина, RN30 делува повеќе како автомобил подготвен за TCR натпреварување, отколку стандарден хот-хеч.
 
 
На ова допринесува и прилично добриот ентериер, кој и понатаму е во концептуална форма, во која се е подредено во служба на возачот, како и остварувањето на што подобри перформанси. Тука е и интегрираниот безбедносен кафез, а RN30 поседува дури и три камери кои се задолжени да ги забележат сите лудории кои возачот ги изведува со овој автомобил.

 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил