Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Lexus UX концептот, ќе ја претставува иднината на малите кросовери
 
Spodeli
30 September 2016, 11:15


Париз 2016: Lexus UX концептот, ќе ја претставува иднината на малите кросовери  Париз 2016: Lexus UX концептот, ќе ја претставува иднината на малите кросовери
Официјална премиера на штандот на Lexus во Париз ќе има и нивниот нов концепт, под името UX...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што се претпоставува, UX концептот ќе ја претстави иднината на малите кросовери на Lexus.
 
 
За изгледот на Lexus UX беше задолжен Европскиот дизајнерски центар на Toyota, ED2.
 
 
Се уште нема претставено многу детали, но е соопштено дека возилото го одликуваат најквалитетните материјали во внатрешноста (во предниот дел се темни нијанси, додека позади се употребени посветли бои), како и најмодерни системи, од инфотаинмент до личен компјутерски асистент на возачот.
 
 
Треба да се спомене дека возачот добива информации прикажани во вид на холограм, како и дека возилото нема класични ретровизори (бидејќи Lexus сакаа истите да бидат заменети со најсовремени камери), а тука се и полутранспарентните А столбови, како и кинетичките седишта на Lexus.
 
 
Серискиот Lexus UX во гамата ќе биде сместен под моделот NX, а Lexus во Европа веќе ги регистрираше ознаките UX 200 и UX 250. По сегашните најави, серискиот UX во продажба ќе може да се очекува за околу година дена.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил