Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Suzuki Ignis е неодолив мал SUV со 4х4 погон
 
Spodeli
29 September 2016, 21:59


Париз 2016: Suzuki Ignis е неодолив мал SUV со 4х4 погон Suzuki Ignis Париз 2016: Suzuki Ignis е неодолив мал SUV со 4х4 погон
Во време кога дури и најголемите SUV модели имаат погон само на предните тркала, јапонскиот Suzuki пркоси со вистински способни модели на терен, на кои ќе им се придружи и новиот Ignis...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ignis е пред сѐ градски автомобил, но со претензии да оди и надвор од патот. Основниот модел ќе биде опремен со погон на предните тркала, но достапен ќе биде и ALLGRIP модел со погон на сите тркала кои сме сигурни дека ќе овозможи голема забава во возењето.



Моторизацијата на Ignis ќе биде доставена од добро познатиот 1,2 литарски Dualjet мотор со 90 КС, а достапен ќе биде и хибридниот погон SVHS базиран на истиот мотор. Овој модел ќе има и емисија на штетни гасови многу пониска од 100 g/km, што е во најмала рака извонредна бројка.

Suzuki Ignis инаку ќе тежи само 905 килограми, што е една од причините за исклучително ниската емисија на штетни гасови. Иако немаме информации за потрошувачката, сигурни сме дека таа ќе биде исклучително ниска, дури и кај моделот со обичен бензински мотор.



Ignis ќе понуди и многу можности за персонализација, како различна боја на покривот и лепенки за каросеријата. Иако нема такви најави, искрено се надеваме дека Suzuki Ќе понуди и спортска верзија – новиот 1,4 литарски BOOSTERJET турбо мотор со 140 КС, заедно со 4х4 погонот би бил одлична комбинација, особено во ултра лесната каросерија.

Новиот Ignis би требало да пристигне на пазарите во Европа на почетокот на наредната година, кога очекуваме да биде достапен и во салоните на Миркат.


Suzuki Ignis
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил