Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: официјално, ова е новиот Audi Q5!
 
Spodeli
29 September 2016, 21:09


Париз 2016: официјално, ова е новиот Audi Q5! Audi Q5 Париз 2016: официјално, ова е новиот Audi Q5!
Audi штотуку ја претстави втората генерација на Q5 SUV моделот, која неодоливо потсетува на поголемиот Q7, но во помало и покомпактно пакување...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Q5 ќе биде најблизу до A4 во целосната изведба и е специјално дизајниран со цел да се намали целосната маса на автомобилот – новиот модел ќе биде во просек 90 килограми полесен од претходникот, што е патник и пол помала маса и што ќе придонесе за подобрување на перформансите и големо намалување на потрошувачката.



Дизајнот е сепак скоро целосно позајмен од поголемиот Q7 и делува поробустно и помоќно од претходникот, но и покрај тоа, сметаме дека Audi треба да почне малку похрабро да ги дизајнира своите автомобили и дека треба да има малку поголема дистинкција меѓу нив. Уште отсега може да претпоставиме дека многу „неупатени“ ќе го грешат Q5 со Q7 и обратно.

Новиот Q5, како и скоро секој нов модел од Volkswagen групацијата, ќе биде базиран на MQB платформата. Димензиите ќе бидат слични на актуелниот модел, но според Audi просторот во внатрешноста ќе биде зголемен, а поголем капацитет ќе има и багажникот, поточно од 550 до 610 литри зависно од положбата на задната клупа, која може да се лизга напред-назад. Особено големо внимание е посветено и на зголемување на целосната рафинираност на автомобилот – Audi ветува исклучително ниско ниво на бучава во кабината, дури и од ветерот, како и скоро целосен недостаток на вибрации.



Кабината ќе биде многу слична на онаа од Audi A4, со прилично класичен дизајн но и голема употреба на висока технологија. Така, Q5 ќе биде опремен со Audi Virtual Cockpit дисплејот со големина од 12,3 инчи, кој е поставен наместо инструмент таблата, а тој ќе биде придружен од 7 инчен (8,3 во поскапите модели) централно поставен дисплеј кој ќе се контролира преку вртлив џојстик како кај сите понови Audi модели досега.

Моторизацијата ќе ја сочинуваат четири дизел и еден бензински мотор. Ваквиот избор е мошне интересен – TDI дизелите сѐ уште ги тресе голема афера и Volkswagen корпорацијата дури најави и нивно исфрлање до 2020 година. Сепак, купувачите во Европа и натаму во најголем дел се одлучуваат за дизел SUV автомобили, па потегот на Audi e и делумно оправдан.



Дизелите инаку ќе бидат застапени со 2.0 TDI агрегатот во три изведби на моќност од 150, 163 и 190 и 3.0 TDI дизелот со масивни 286 КС и 620 Nm. Бензинецот пак ќе биде 2.0 TFSI со 252 КС, за кој Audi ветува исклучително ниска потрошувачка од 6,8 литри на 100 km, што според досегашното искуство би било тешко изводливо во реалниот свет.

Audi Q5 ќе се нуди си погон на предните (само основниот дизел) и Quattro погон на сите тркала (достапен за сите мотори), додека најмоќниот дизел ќе биде достапен и со заден диференцијал кој може да префрли поголем дел од силата на задните тркала и да го направи возењето подинамично.



Како и Q7-ката и Q5 ќе има цела плејада на системи за помош при возењето а најинтересен е “personal route assist” кој дава релевантни информации секој пат кога возачот ќе седне во возилото, а зависно од рутите каде најчесто се движи и во кое време од денот. Поточно, ова е систем кој го учи навиките на возачот и местата кои најчесто ги посетува и дава информации за алтернативни рути при сообраќајни гужви дури и ако возачот ја нема активирано навигацијата (а сигурно и не би ја имал активирано за местата кон кои најчесто се движи).

Новиот Audi Q5 ќе се произведува во Мексико, а ќе биде достапен на пазарите низ Европа на почетокот од 2017 година, кога го очекуваме и во салоните на нашиот увозник „Порше Македонија“. Цените засега сѐ уште не се познати, но очекувајте делумно покачување во однос на актуелниот модел.


Audi Q5
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил