Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Generation EQ Concept е најава за електричната гама на Mercedes
 
Spodeli
29 September 2016, 18:43


Париз 2016: Generation EQ Concept е најава за електричната гама на Mercedes  Париз 2016: Generation EQ Concept е најава за електричната гама на Mercedes
Mercedes-Benz со Generation EQ концептот кој го претстави во Париз, дефинитивно ни дава до знаење дека е целосно посветен на електричната гама на возила - до 2025 година ќе имаат дури 10 електрични автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Името на сите електрични возила на Mercedes-Benz ќе биде EQ, што е преземено од IQ и значи „Електрична Интелигенција“. Нас неодоливо не потсетува на еквилајзер кај аудио системите, но ќе оставиме на вам да процените дали изборот на ова име е добар.



Првиот концепт, кој како сериски модел треба да пристигне во 2019 година е SUV со пет врати, кој директно ќе конкурира на Tesla Model X, но и на Audi e-tron Quattro и Jaguar E-Pace, модели кои треба исто така да пристигнат за неколку години.

Електричниот погон ќе има сила од 405 КС распеделена на два електрични мотори на предната и задната оска и ќе спринта до стотка за помалку од 5 секунди, што барем на хартија е и повеќе од доволно за скоро сите купувачи, но останува фактот дека Tesla Model X има повеќе сила и подобри перформанси. Батеријата ќе биде литиум јонска од најновата генерација – според генералниот директор на Mercedes-Benz, Дитер Зече, таа ќе биде резултат од вложувањето на преку една милијарда евра во развојот на нова батериска технологија.



Generation EQ концептот ќе има одлична автономија од 500 km, што е повеќе од доволно за европските патишта, нормално ако е навистина така и во реалниот свет. Батеријата ќе има капацитет од 70 kWh, што е помалку од оној на Tesla Model X P90D (90 kWh), но и покрај тоа моделот на Mercedes треба да има поголема автономија.

Сѐ уште нема детални информации за полнењето, но според Зече, нивната технологија на брзо полнење ќе овозможи 100 километри автономија со само 5 минути полнење, што е навистина импресивно.



Самиот концепт е инаку различен од досегашните дизајни на Mercedes-Benz, со голем акцент ставен на аеродинамиката, но страничните линии и натаму неодоливо потсетуваат на GLC Coupe моделот. Како и многу други модели кои ќе бидат лансирани наредниве неколку години и Generation EQ Concept нема ретровизори, односно на нивно место се ставени камери, што во големо помага во намалување на отпорот на воздухот.

Внатрешноста ќе биде исклучително футуристичка – концептот е опремен со дисплеј со големина од дури 24 инчи, поголем од многу компјутерски монитори кои ги имаме по дома. Уникатниот дизајн продолжува и пред возачот – воланот е опремен со дополнителни OLED дисплеи, кои ќе бидат осетливи на допир.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил