Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > BMW X2 концептот им пркоси на сите дизајнерски правила
 
Spodeli
29 September 2016, 17:45


BMW X2 концептот им пркоси на сите дизајнерски правила BMW X2  BMW X2 концептот им пркоси на сите дизајнерски правила
Како што беше и најавено, BMW на саемот во Париз конечно и официјално ќе го претстави новиот кросовер X2 (F39)...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според официјални извори, продажбата на серискиот модел ќе стартува кон крајот на 2017 или почетокот на 2018 година.
 
 
Како што објаснува и самата ознака, X2 овој мал спортски кросовер ќе биде сместен помеѓу моделите Х1 и Х3, додека за цената, одредени светски автомобилски магазини излегоа со тврдења, дека таа ќе изнесува околу 33.000 евра.
 
 
Х2 ќе биде направен на UKL платформа, како и новиот BMW X1 кој беше претставен во 2015 година. Исто така, и внатрешноста на серискиот Х2 наводно, во голем дел ќе биде иста како и кај новиот Х1.
 
 
Што се однесува до палетата на мотори, се спомнуваат трицилиндарски и четирицилиндарски бензинци и дизел мотор (со распон на силата од 116 коњски сили па се до 245 коњски сили), додека спортската M Performance верзија се очекува со моќност од околу 300 коњски сили. Претставувањето на оваа верзија е најавено во 2018 година. Токму овде, треба да се споменат и плановите за plug-in hybrid верзија.
 
 
Покрај стандардниот погон на предни тркала, како опција ќе се понуди и погон на сите четири тракала, додека од менувачи, се споменуваат шест-степенски мануелен и осум-степенски автоматски менувач.
 
 
Како што моментално стојат работите, BMW X2 ќе се произведува во фабриката Регенсбург во Германија, каде што веќе се изработува новиот X1 модел.
 

BMW X2
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил