Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Лавови во СУВ офанзива: Peugeot 3008, 5008 и 3008 DKR
 
Spodeli
28 September 2016, 15:14


Лавови во СУВ офанзива: Peugeot 3008, 5008 и 3008 DKR   Лавови во СУВ офанзива: Peugeot 3008, 5008 и 3008 DKR
Францускиот производител ќе го искористи домашниот терен на саемот за автомобили во Париз за претставувањето на трите светски премиери – 3008, 5008 и 3008 DKR...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Покрај одлично прифатениот модел 2008, кој во 2013 година беше продаден во повеќе од половина милион примероци и кој неодамна доби нова верзија, Peugeot за саемот на автомобили во Париз подготви три светски премиери од СУВ сегментот.
 
 
Втората генерација, моделот 3008 пред се покажува промена на курсот и преминување од кросовер во C-СУВ сегментот. Во склад со тие промени е и обликот на каросеријата, која стана помодерна со повеќе атрактивни детали. Во внатрешноста доминира новата генерација на дигиталниот Peugeot i-Cockpit. Од палетата на погонски агрегати најавени се чисти и ефикасни бензински и дизел мотори, од кои најсилните ќе ги придвижуваат спортските GT и GT line верзии.
 
 
Покрај моделот 3008, на саемот за автомобили во Париз ќе биде претставен и СУВ моделот со ознака 5008. Токму и кај овој модел е применет рецептот на трансформација се со цел новиот модел од кросовер/МПВ сегментот да се преориентира во СУВ категоријата. Производителот истакнува дека новата внатрешноста исто така го поседува Peugeot i-Cockpit, како и податокот дека багажниот простор има зафатнина од 780 литри.
 
 
Третата премиера се однесува на специјалната тркачка верзија 3008 DKR. Како што сугерира кратенката во ознаката, станува збор за нов модел кој ќе настапи на релито Дакар во 2017 година, а бојата на Peugeot ќе ја бранат четири посади, предводени од Питерхансел, Саинз и Лоб.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил