Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Брендот Jeep на Меѓународниот саем за автомобили во Париз 2016
 
Spodeli
28 September 2016, 13:43


Брендот Jeep на Меѓународниот саем за автомобили во Париз 2016   Брендот Jeep на Меѓународниот саем за автомобили во Париз 2016
На предстојниот Саем за автомобили во Париз, Jeep за европскиот пазар премиерно ќе го претстави моделот Grand Cherokee за 2017 година, но и две специјални едиции на Renegade Desert Hawk и Cherokee Night Eagle II...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во текот на последниве 75 години, возилата на брендот Jeep дефинираа автентично искуство на возење со 4х4 погон, поставувајќи стандарди кога е во прашање теренското возење и слободата, откако првото возило излезе од производната трака во 1941 година.
 
 
Оваа година, брендот Jeep ја прославува 75 годишнината, што е важно достигнување, засилено со значајни продажни успеси и остварувања во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, каде што брендот во август го забележи 34-тиот последователен месец каде што продажбата расте на меѓугодишно ниво.
 
 
Се со цел да го одбележи ова достигнување, брендот се враќа на Меѓународниот саем за автомобили во Париз, како место на кое моделот Jeep Grand Cherokee за 2017 година, како миленик на брендот Jeep и најнаградувано СУВ возило во историјата, ќе биде воведено на европскиот пазар.
 
 
Новиот Jeep Grand Cherokee за 2017 година, кој е претставен на јавноста во март оваа година, на саемот за автомобили во Њујорк, во понудата е со унапреден стил, премиум елементи во стандардна опрема и одлични конфигурации. Новиот Trailhawk, кој дополнително ја проширува линијата на моделот на најнаградуваното СУВ возило во историјата, ги подобрува теренските способности на моделот Grand Cherokee со низа специфични теренски функции, вклучувајќи го системот Quadra Drive II 4x4 со задни електронски управуван диференцијал со ограничено пролизгување, единствена верзија на воздушно потпирање Quadra Lift, како и Selec-Speed Control со функција за управување и движење во ридски простор Hill Ascent Control.
 
 
Линијата на моделот Grand Cherokee за 2017 година, вклучува поексклузивен и посовршен модел во линијата, Summit, кој го карактеризира луксузниот ентериер со рачно превртена кожа, нов изглед на ентериерот и безбедносни функции кои се вклучени во пакетот на стандардна опрема. Високо-перфромантниот модел Grand Cherokee SRT за 2017 година, исто така премиерно се прикажува во Париз, со подобрен екстериер во предниот дел светла за магла и нова решетка за ладилникот.
 
 
Две ексклузивни специјални изданија на возилото премиерно ќе се прикажат на европските купувачи на саемот во Париз – Jeep Renegade Desert Hawk и Jeep Cherokee Night Eagle II. Двата модели, кои дополнително ја унапредуваат понудата на ексклузивни конфиграции на ограничените серии, кои се конструирани во рамките на концептот на мали и СУВ возила со средна големина на брендот Jeep, потврдуваат дека природниот дар за прилагодување е карактеристичен за целокупната линија на возила на брендот Jeep.
 
 
На овогодинешниот саем за автомобили во Париз, брендот Jeep ќе ја претстави и проширената понуда на погонски групи, воведување на преносот со двојно квачило (DDCT) во спој со ефикасен 1,6 литарски дизел мотор Multijet II и погон на предните тркала.
 
 
Двете возила, Jeep Wrangler Rubicon и Renegade Longitude, имаат подобрен пакет на опрема MoparONE, а истите ќе бидат прикажани на овогодинешниот саем, воведувајќи во понудата нови, специјални пакети за прилагодување за теренско возење. Во истата понуда влегуваат и додатоци за теренско возење и дигалка. Овие пакети на опрема вклучуваат хомологирана дополнителна опрема и наскоро ќе се најдат во продажните салони на брендот Jeep ширум егионите на Европа, Блискиот Исток и Африка.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил