Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Погледнете зошто C4 Cactus Rip Curl е перфектниот “Lifestyle” автомобил
 
Spodeli
27 September 2016, 17:57


Погледнете зошто C4 Cactus Rip Curl е перфектниот “Lifestyle” автомобил Citroën C4 Cactus Погледнете зошто C4 Cactus Rip Curl е перфектниот “Lifestyle” автомобил
Денес многу производители сакаат да ги промовираат своите автомобили како “lifestyle”, односно наменети за оние со посебен животен стил, но има еден кој со право го носи тој атрибут во своето име...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Citroen, во соработка со производителот на сурферска опрема, спортска облека и спортски часовници Rip Curl, направи автомобил кој целосно ќе ги задоволи потребите токму на сурферите. И тоа не само на летните сурфери, кои од јасни причини ги нема во голем број кај нас, туку и љубителите на сурфање на снег. Со овој автомобил сите се покриени!



Но, веднаш би се прашале, зошто овој автомобил е вистинскиот за сурферите? Покрај козметичките додатоци, кои дават дополнителен шмек на веќе популарниот и фенси C4 Cactus, Rip Curl моделите се опремени со кровни носачи на кои лесно може да се стават кои било од вашите Rip Curl даски за летно и зимско сурфање.

Најпривлечното од се е што овие носачи се во бела боја и се специјално дизајнирани со цел да му дадат авантуристички карактер на возилото. Имаат специјална намена, но и изгледаат навистина добро, што не може да се каже за многу од останатите “lifestyle” автомобили.



Многу важно за ваков автомобил – C4 Cactus Rip Curl стандардно доаѓа со Grip Control систем, кој ќе ви овозможи лесно да се извлечете и од потешките терени. Ова го прави особено погоден за влегување на самата плажа во лето или близу до скијачката патека во зима – C4 Cactus со Grip Control е подготвен за секоја лизгава подлога и без проблем ќе ја совлада.

Но, C4 Cactus не е способен само на терен – ние можеме да потврдиме дека е исклучително забавен за возење и на асфалтиран пат, благодарение на ниската маса на целиот автомобил, а бидејќи се работи за Citroen, суспензијата е мека и ќе ги направи вашите патувања многу покомфорни и поудобни.



Сето ова е заокружено со сончев покрив, преку кој може лесно да фрлите поглед на небото за да знаете какво време ве чека. Самиот сончев покрив има термална заштита, што значи дека барем во вашиот автомобил ќе бидете заштитени од прекумерната топлина, но и од изгорениците од сонцето. И на крај, иако не помалку важно – Magic Wash бришачите не ја распрснуваат течноста за чистење на ветробранското стакло, туку таа тече заедно со нив. Со овој систем никогаш нема да бидете заслепени.

Rip Curl моделите имаат и неколку други препознатливи карактеристики, како специјално дизанирани 17 инчни алуминиумски тркала, специјални Rip Curl патосници, Rip Curl лајсни на црна подлога, ретровизори и кровни носачи во бела боја и Rip Curl лепенки пред ретровизорите и на задниот C носач. Овие модели доаѓаат и со систем за навигација со дисплеј на допир, кој е секогаш потребен за авантуристите, како и автоматска клима за пријатно разладување во жешките летни денови. И секако, стандардна AirBump заштита, за оние моменти кога вашата сурф даска ќе ви се подлизне од рацете.



Останатата опрема вклучува:  ABS/REF/AFU/ESP/ASR системи за активна безбедност, 6 воздушни перници, Hill Start Assist помош за тргнување по нагорнина, Регулатор/лимитатор на брзина со програмирање, 7″ екран чувствителен на допир, Bluetooth® безжична конекција за мобилен телефон, Аудио уред MP3 со 4 звучника контролиран преку 7″ екран и команди на волан, USB + AUX медиа приклучок + 12V приклучок во преградата за ракавици, Централно далечинско заклучување, Дигитална инструмент табла, LED технологија на дневни светла, LED технологија на трето стоп светло, Дополнително затемнети стакла на заден ред, 17″ Aлуминиумски тркала (205/50/17), Пакет – Автоматска клима (автоматски клима уред – еднозонски, автоматски бришачи и светла, втор USB приклучок), Пакет – Навигација (навигациски ситем + аудио систем MP3 со 6 звучника + Jukebox), Потпирач за раце (преграда кај рачен менувач), Светла за магла со странично осветлување, Надворешни греени ретровизори, Електрично прилагодување на надворешните ретровизори, Импулсен покажувач на правец, Isofix систем за фиксирање на детско седиште, Индиректен систем за надзор на притисок во пневматици, Индикатор за оптимална промена на степен на брзина (само кај рачен менувач), Предни бришачи со технологија “Magic Wash”, Предни електрични регулатори на стакла, Преклоплива задна клупа, Прогресивен серво управувач прилагодлив по висина, Патен компјутер на 7″ екран чувствителен на допир, Сет за санирање на дупнат пневматик, Сигурносна брава за деца на задни врати, Висинско прилагодување на возачко седиште, Задни прозори на преклоп, Предупредување за незакопчан ремен напред, Отвори за воздух кон вториот ред на седишта, Централен наслон за рака со простор за складирање (мануелен менувач).



C4 Cactus Rip Curl е достапен со два економични и моќни мотори – 1,2 PureTech бензинец со 110 КС, кој троши само 4,3 литри во просек и 1,6 BlueHDi дизел со 100 КС, кој троши фантастично ниски 3,4 литри во просек на 100 km. Цената на бензинскиот модел изнесува 17.990 евра, додека на дизелот 19.990 евра. Rip Curl моделите се веќе достапни во салонот на Citroen во Скопје.


Citroën C4 Cactus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил