Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Истрагата во САД не најде вина кај Toyota
 
Spodeli
15 July 2010, 13:31


Истрагата во САД не најде вина кај Toyota  Истрагата во САД не најде вина кај Toyota
Интересни резултати од Министерството за транспорт на САД...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Министерството за транспорт на САД анализираше десетици досиеја со податоци за возила на Тојота вклучени во сообраќајни несреќи под обвинување дека ненадејно забрзуваат и откри дека, во времето на несреќите, грлата биле широко отворени и дека сопирачките не биле употребени, говорат луѓе запознати со резултатите.
 
Резултатите упатуваат дека некои возачи кои изјавиле дека нивните возила Тојота и Лексус излегле од контрола, по грешка притиснале на педалот за гас кога сакале да притиснат на сопирачките. Но резултатите не ја ослободуваат Тојота од два познати проблеми кои се одговорни за ненадејното забрзување на нејзините возила: лепливи педали за гас и патосници што можат да ги заглават педалите за гас за подот.
 
Резултатите од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата (National Highway Traffic Safety Administration - NTHSA) вклучуваат пример од извештаите во коишто еден возач на возило Тојота изјавил дека сопирачките биле притиснати, но не успеале да го спречат забрзувањето на возилото и на крај сообраќајната несреќа. 
 
Досиејата со податоци коишто ги анализирала NTHSA биле избрани од агенцијата, а не од Тојота, врз основа на жалбите што возачите ги поднеле до Владата.
 
Резултатите за Тојота, што NTHSA не ги објави, го поддржуваат ставот на Тојота дека пријавите за ненадејно забрзување во кои се вклучени нејзини возила не биле предизвикани од електронски грешки во компјутерски контролираниот систем за забрзување, како што тврдеа некои експерти за безбедност и адвокати на тужителите. Над 100 луѓе го тужеа производителот на автомобили тврдејќи дека сообраќајните несреќи биле резултат на неисправна електроника.
 
Сепак, службеници од Министерството за транспорт јавно изјавија дека допрва ќе треба да најдат проблеми со електрониката кај возилата на Тојота.
 
Даниел Смит, соработник-администратор за истражување, минатиот месец пред панелот на Националната академија на науки изјавил дека тестирањата на агенцијата за ненадејното забрзување сe уште не откриле други дефекти кај возилата освен оние идентификувани од компанијата: педали фатени од патосниците и „лепливи“ педали за гас кои бавно се враќаат назад.
 
- И покрај нашите истраги, ние сe уште не успеавме да најдеме дефект – во електронски контролираниот систем за забрзување, изјавил г. Смит пред научниот панел којшто ги истражува потенцијалните предизвикувачи на ненадејното забрзување.
 
Минатата недела Тојота објави дека презела чекори за подобрување на квалитетот на возилата, вклучувајќи и преместување на 1000 инженери во нова група којашто ќе се обиде да ги идентификува проблемите.
 




Стари коментари
Досега ниту еден од тие возачи кои поради "заглавување на педалата за гас" бил повреден или го оштетил своето возило не се појавил пред американските судови, а уште помалку ја докажал вината на Toyota за претрпената штета, а сите добро знаеме какви оштети се исплаќаат во САД за вакви случаи.
Напишан од Кире  пред  околу 112 месеци
abe moze ima i ponekoj nepismen (amerikanci se sepak, hehe), ama vo groto slucai samite ja slupale kolata (dali namerno ili nenamerno), pa si rekle duri da plakjam od moj dzeb i da jadam kazni ke ja tuzam toyota - em nema da odgovaram, em uste i debela para ke im izvlecam.
Напишан од metak  пред  околу 112 месеци
Imam corolla nova 2009 god i nema vrska ovoa se e samo losa propaganda protiv fabrikata i nepismeni amerikanski voza4i (ima mn na4ini da zapres kola makar i bez ko4nici))
Напишан од Toyota driver  пред  околу 112 месеци
Mnogu jasno! Kako mozese vo Evropa da nema nieden slucaj i TUV da ja proglasi za najkvalitetna marka, a kaj shupchestive Ameri da ima gluposti, pa da teraat pari na sud posle ...
Напишан од Gjore  пред  околу 112 месеци
seto toa e napraveno od amerikancive samo za da se urne kineskata i japonskata pazarna sila
Напишан од sraf  пред  околу 112 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил