Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Пакет подобрувања: Opel Zafira 2017
 
Spodeli
27 September 2016, 16:42


Пакет подобрувања: Opel Zafira 2017 Opel Zafira 2015  Пакет подобрувања: Opel Zafira 2017
Дотеран надворешен изглед, редизајниран кокпит и нови технолошки решенија во служба на забавата и безбедноста на патниците, токму ова ја претставува новата подобрена Opel Zafira...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Opel ги објави првите официјални фотографии од моделот Zafira за 2017 година, која својата официјална премиера ќе ја има на Саемот за автомобили во Париз.
 
 
Новото издание на моноволуменот со седум седишта го истакнува смелиот надворешен дизајн, но и елегантниот ентериер. Кокпитот е редизајниран, така што командите и функционалните прекинувачи се распоредени, а на врвот на централната конзола е поставен и нов дисплеј од 7 инчи.
 
 
Вниманието го привлекува и новиот управувач со три краци, како и најновата генерација на инфо-забавниот систем IntelliLink, компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto функции. Opel го истакнува и податокот дека сега за прв пат во возило од оваа класа ќе биде понудена и нова генерација на адаптивни предни фарови (AFL) со ЛЕД технологија како опција.
 
 
Освен тоа, Zafira се потпира и на проверени квалитети на претходникот, како што се огромниот багажен простор од дури 710 литри, кога во употреба се пет седишта, Flex7 системот на седишта со AGR сертифицирани ергономски предни седишта, FlexFix носач на велосипед, како и адаптивна FlexRide шасија.
 

Opel Zafira 2015
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил