Скопје денеска дишеше во духот на елегантната машка гардероба и посебно избраните моторцикли кој беа делот од првиот “The Distinguished Gentlemans Ride” кај нас.
(1).jpg)
Овој глобален настан кој се случува на ист ден во 500 градови ширум светот денеска беше успешно организиран и во Скопје, и со тоа градот се вклучи во ова глобално движење кое се грижи за болестите на мажите и превенција од истите.
За поддршка на каузата, која е собирање средства и подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата, 70 моторциклисти со уникатни мотори и специјална џентлменска гардероба продефилираа низ централните градски улици на Скопје од населбата Аеродром до Населбата Карпош и овој неделен ден го направиа уште поубав и по значаен за сите.
The Distinguished Gentlemans Ride е основан во 2012 година од Mark Hawwa во Сиднеј, Австралија и како свое лого има џентлмен со луле и монокл облечен во најфин машки костум. На самиот почеток основната цел била да се разбијат негативните стереотипите за моторциклисти,да се покаже друштвената нота и собирот на мотоциклисти како позитивно нешто.
Првиот настан успеал да обедини 2500 мотоциклисти во 64 града, што било причина Mark истиот да го искорити во хумнитарни цели,воедно подигајќи ја свеста кај мажите за сопственото здравје.
Доказ за тоа дека истиот е глобално прифатен се и самите бројки за настаните во годините по првата организација до денес:
-2013 година повеќе од 11000 мотоциклисти во 145 града и собрани донации од 277.000$ за истражувања на рак на простатата
-2014 година повеќе од 20.000 учесници во 257 града и 58 држави и собрани 1.5 милиони долари за истражувања на рак на простатата
-2015 година повеќе од 37,000 учесници во 410 градови и 79 држави со собрани 2,3 милиони долари за истражувања на рак на простатата.
Оваа година се регистрирани 50,000 учесници во повеќе од 500 градови и 90 држави и како што споменавме Скопје е еден од тие градови кој со своите 70 учесници и собрани донации од околу 1300$, е еден од навистина успешните настани во светот според зборовите на централната организација во Австралија.
Партнер на настанот е глобалната Мовембер Фондација, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите.Фондацијата од 2003 година до денес брои милиони членови и собрани повеќе од 715 милиони долари кои се наменети за повеќе од 1000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите ,како и превенциа од самоубиства кај мажите. Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите ќе се социјално поврзани и ќе се чуствуваат слободно да зборуваат за овие болести,со што глобално би се зголемила свеста,како и превенцијата на истите.
Успешната прва организација значи задача следната година настанот да биде уште подобар и поуспешен а ние како организатори секако имаме доволно голема желба и мотивација тоа да го направиме, вели Благоја Петровски.
|