Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Porsche објави нови податоци за новата Panamera
 
Spodeli
23 September 2016, 11:46


Porsche објави нови податоци за новата Panamera Porsche Panamera Porsche објави нови податоци за новата Panamera
Германскиот производител уште еднаш ни ја претстави новата Panamera, но претстави и детали кои досега не беа објавени...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Подобра од својот претходник, Panamera 4 E-Hybrid нуди подобри перформанси како за висока класа, но потрошувачка колку еден мопед. Сето тоа благодарение на новата платформа E-Performance.
 
Станува збор за комбинација од електричен и бензински мотор.  Првиот со сила од 136КС и максимален вртежен момент од 400 Nm. Вториот, во V6 изведба и 2900 кубни сантиметри, со сила од 330 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm. Во комбиниран режим на работа овие два мотора испорачуваат 462 КС и 700 Nm вртежен момент.
 
Тоа е доволно да спринтот до 100 км/ч биде извршен за 4,6 секунди, а најголемата брзина која ја развиваат е 280 км/ч. Мора да напоменеме дека во овој модел, електричниот мотор помага во забрзувањето без разлика колку длабоко ја имаме притиснато педалата. Предходно, тоа се случуваше само доколку педалата ја притисневме до 80%.
 
Покрај високите перформанси, оваа платформа ќе и овозможи на новата Panamera и неверојатно ниска потрошувачка како и ниска емисија на штетни гасови. Како што дознаваме, потрошувачката изнесува неверојатни 2,5 литри на 100 изминати километри, а емисијата на јаглерод диоксид околу 56 г/км.
 
Голем придонес во сето ова имаат и новите батерии, кои се со иста маса а поголем капцитет од предходно. Возејки само на струја, Panamera може да помине 50 километри, а најголемата брзина која може да ја развие е 140 км/ч. За полнење на батериите е потребно 6 саати, или 3,5 со опционалниот полнач од 7,2 KW.
 
Повеќе за новата платформа можете да видите во видеото во прилог. За крај додаваме дека во Германија веќе може да си порачате еден примерок со почетна цена од 107533 евра. Испораката ќе се случи идната година.
 


Porsche Panamera
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил