“Колку што знам јас, тој не е достапен” гласеше вчерашната изјава на Фетел.
Но тоа не е единствената гласина која кружи наоколу пред трката која ни претстои во Сингапур.
.jpg)
Друга е дека Мерцедес користи иновација, кој ја имитира активна суспензија која не може да биде забранета од страна на ФИА до 2018 година.
Дали е на работ на законитоста или не, не можам да се судам, изјави Фетел. Но, за сигурно, ако имате нешто ново, ќе сакате да го користите што е можно подолго. Ние исто така имаме некои „умни“ нешта на автомобилот, додаде Германецот.
Што се однесува до гласините дека техничкиот шеф на Мерцедес доаѓа во Маранело, Фетел одговори: "Кога некој од неговиот калибар е на располагање, се разбира, треба да се размислува за тоа.Но, според моите сознанија, тој не е на располагање.
Фетел беше запрашан за преземање на Формула 1 од страна на Liberty Media и тој рече: "Мислам дека тие нема да имаат многу влијание врз автомобилите. Но, ако тие го прават, јас би сакал двојно повеќе цилиндри и помалку комплицирана електроника, можеби и климатизација. Навистина би била корисна во Сингапур", се пошегува Фетел.
.jpg)
|