Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Volvo почна со јавно тестирање на автономни XC90 модели
 
Spodeli
14 September 2016, 15:14


Volvo почна со јавно тестирање на автономни XC90 модели Volvo XC90 Volvo почна со јавно тестирање на автономни XC90 модели
Шведскиот производител е еден од најнапредните кога се во прашање автономните возила, а тоа сега ќе го покаже и со автономни XC90-ки, кои ќе им бидат дадени на неколку шведски фамилии...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ова е најголем ваков проект досега, барем во Европа. Имено, Volvo има спремено неколку XC90-ки, кои ќе им бидат дадени на неколку фамилии, со цел тие да ја тестираат оваа технологија. Потоа, фидбекот од корисниците ќе биде употребен за подобро да ја развијат оваа технологија, пред да ја пуштат масовно на пазарот.

Технологијата која е вградена во овие модели е целосно автономна, но сѐ уште нема информација од Volvo дали таа функционира и во градски услови и на автопат – конкурентите, како Tesla, имаат технологии кои работат само во специјални услови, како на отворен и на автопат. Покрај целосната автономија во возењето, корисниците ќе ги тестираат и останатите системи за помош при возењето.

Проектот се вика “Drive Me” и ќе се одвива во градот Гетеборг, кој е втор по големина во Шведска.


Volvo XC90
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил