Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Добивме обновен Nissan Rogue кој ќе го има и во хибридна изведба
 
Spodeli
14 September 2016, 13:33


Добивме обновен Nissan Rogue кој ќе го има и во хибридна изведба Nissan Rogue Добивме обновен Nissan Rogue кој ќе го има и во хибридна изведба
Нов, обновен дизајн како и хибрид варјанта во 2017 Nissan Rogue...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Со доаѓањето, Nissan Rogue компактниот кросовер е подготвен да ја надмине Altima  и да стане најдобро продаваниот модел на Nissan.
 
 
Промените на надворешноста вклучуваат нова предна маска во V-изведба, нападната од страна на новите четвороелементните предни светла со LED дневни светла. Странично имаме хром гарнитури на ниво на глуждот, а во задниот дел нови светла како и преработен браник. SL моделите се достапни со нови 19-инчни тркала.
 
 
Внатре, Rogue добива нов волан со рамно дно , Волан со греење и функција за меморија. Се меморираат позицијата на седиштето како и ретровизорите. Други подобрувања вклучуваат далечинско стартување на моторот, нов изглед на пластиките на вратите и инструмент таблата, како и различен материјал за изработка на седиштата. Новитет е „Platinum Reserve Interior package“, кој содржи кожни тапацири како и спејални навлаки за седиштата, исто така изработени од кожа.
 
 
 
Бензинскиот Nissan Rogue, која треба да го видиме во продажба до крајот на октомври, доаѓа во три нивоа на опременост: S, SV и SL, секоe со погон на предните тркала или на сите четири, зависно од изборот на клиентот. На располагање останува 2,5-литарски четири цилиндричен агрегат со 170 коњски сили, во комбинација со автоматски менувач со еко и спорт начин на работа. Потрошувачката на гориво кај моделите со погон на предните тркала, во градски услови би изнесувала 9 л/100км, додека на автопат 7 л. Моделите со погон на сите четири тркала би имале зголемена потрошувачка од помалку од пола литар, било во град или на автопат.
 
 
Хибридниот  модел доаѓа само во SV и SL ниво на опременост и  на почетокот ќе е без опција за погон на сите тркала, а како модел ќе го видиме малку подоцна. Моќта доаѓа од 2,0-литарски четири цилиндричен агрегат со 141 коњски сили споени со електричен мотор со 40 коњски сили или вкупното 176 коњски сили. Визуелно, хибридни и конвенционалните модели се идентични. Се разлкуваат во значките кои го означуваат хибридниот модел. Хибридниот  модел ќе биде достапен до крајот на годината.
 
 
Други новитети се радарот за известување за возила во таканаречените „blind spots“, како и асистент за промена на лента. Новивна е и воведувањето на темпопат и воведување на кочница за итни случаеви со детекција на пешаци.
 
 

Nissan Rogue
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил