Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Ни пристигна нов „Renault Scenic“
 
Spodeli
12 September 2016, 16:24


Ни пристигна нов „Renault Scenic“ Renault Scenic Ни пристигна нов „Renault Scenic“
Освежен со нов дизајн, поголема привлечност, новиот „Scenic“ дел од дизајнот го превзема од концептот R-Space, кој беше претставен во Женева во 2011-та...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Дизајнот на новата генерација на Scenic има направено голем напредок, главно благодарение на досега невидени размери во овој сегмент. Располага со големи 20 инчни тркала кои спаѓаат во стандардна опрема за сите верзии. Совршено избалансираните линии се исклучително привлечни, особено поради пониска линија на покривот, подолго меѓуоскино растојание во однос на претходната генерација.
 
Накосеното задно ветробранско стакло, како и поклопецот на моторот, елементи преземени од концепт R-Space, ја нагласуваат префинетоста на овој модел.
Предното ветробранско стакло составено од три дела - превземено од ESPACE и за прв пат вградено во „Scenic“ ни овозможува да уживаме во панорамски поглед.

 
Предниот крај на новиот Scenic се карактеризира со специфичен светлосен потпис.Предните светла изработени се „LED PURE Vision“ технологија, а EDGE технологијата создава 3D ефект на задните светла.
 
Можеби новите 20 инчни тркала се највпечатливото нешто на новиот „Scenic“. Со висина иста како 17 инчните, 107 мм, гарантират удобност што доликува на оваа класа. Тркалата се дизајнирани за да се намали тежината и  за подобрување на аеродинамичните својства на автомобилот, што резултираше со помала потрошувачка на гориво.
 
 
Со големина на тркалата (195/55 R20) и употребата на гуми специјално развиени за намалување на потрошувачката и  подобрување на аеродинамиката постигнат е најнизок отпор при вртење во својата класа. Отпорот на воздухот (CDA) 0.775 е подобрување за 0.065 во однос на Scenic 3 (0.840).
 
Најважните карактеристики на пространа внатрешност на новиот Scenic се континуитетот на линија на конзолата, која се протега низ панелите на вратите уште повеќе го нагласува искуството. Прочистена семафорот е повеќе ориентирана кон возачот во однос на претходната генерација модел SCENIC. Инструмент таблата е повеќе наклонета кон возачот, а Renault Head-Up дисплејот носи повеќе задоволство и безбедност во возењето. Панорамскиот стаклен покрив кој е на располагање овозможува да имаме поголем проток на светлина.

 
Нов Scenic е исто така достапен со двобојна каросерија што е новитет во сегментот на  компактен моноволумен. Оваа елегантна верзија ги нагласува динамичние пропорции и тоа му дава уникатен, современ изглед. Двобојната надворешност е достапна од второто ниво на опременост, а стандардна во повисоките нивоа.
R-Space од самиот почеток на развојот силно влијаеше на дизајнот на новиот Scenic, што се гледа во ветробранското стакло, хечбек производство профил автомобил, панорамскиот кров и големите 20-инчни тркала, кои станаа главна карактеристика на проектот.
 
 
 

Renault Scenic
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил