Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Peugeot најави премиера на нов 5008
 
Spodeli
07 September 2016, 13:11


Peugeot најави премиера на нов 5008 Peugeot 5008 2009 Peugeot најави премиера на нов 5008
На претстојниот саем во Париз, Peugeot ќе претстави нова, втора генрација на 5008...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот  SUV е за 11cm подолг и поширок од предходникот, а во него, на три реда седишта може да се сместат 7 патници кои ќе имаат и поголем простор за нозете, за разлика од предходникот.

 
Вториот и третиот ред седишта  може да се навалат или во потполност да се отстранат. Во овој автомобил може да се пренесат предмети долги до нешто повеќе од 3 метри.
Новина е и тоа што вратата од багажниот простое може далечински да се ракува. Во внатрешноста имаме и дигитална инструмент табла со големина од 12,3 инчи, како и 8 инчен екран осетлив на допир, кој е задолжен за останатиот дел од забавата.

 
Peugeot ни нуди и солиден избор на дизел и бензиски агрегати. Кај бензинците, имаме 1,2 PureTech со со 130 кс, во можност со 6 степен мануелен и автоматски менувач, како и 1,6 PureTech со 165 кс кој ќе биде достапен само со автоматски менувач. Од дизел агрегатите имаме со зафатнина 1600 cc, со моќност од 100 кс и 120 кс. Првиот достапен само со 5 степен мануелен менувач, а вториот со 6 степен мануелен но и автоматски. Исто така имаме и 2000 сс со 150 кс и 180 кс.

 
Погонот ќе биде само на предните тркала, но во прилог, за оние кои сакаат дополнителен грип, имаме „ Advanced Grip Control“ кој ќе нуди 5 различни модови на работа, Normal, Snow, Mud, Sand и ESP Off. Инаку овој модел ќе има многу опрема како страндардна, како и голема палета на дополнителна, како што му доликува на еден модерен семеен автомобил.

 
 

Peugeot 5008 2009
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил