Фелипе Маса реши да стави крај на својата кариера во најбрзиот спорт на планетата.
Договорот со сегашниот тим му истекува на крајот на оваа сезона но имаше најави дека Маса размислува да остане во тимот заедно со Валери Ботас, но по се изгледа, сепак, тоа не е веќе опција.
(1).jpg)
Без реална шанса за обезбедување место во било кој од другите врвни тимови, Маса одлучи да го потврди неговото заминување со мал број на трки останато, вклучувајќи го и за него домашното гранд-при во Интерлагос во Ноември.
"Успеав да постигнам многу од моите соништа и јас сум многу горд на мојата кариера", изјави Маса. "Наредните осум ке бидат последни трки во Формула 1 и во нив ќе уживам колку што можам. Им благодарам на сите оние кои се околу мене и ме следеа во мојата кариера. "
Бразилецот, мора да признаеме, имаше прилично добра кариера. Своето деби го направи во 2002 година во тимот на Заубер, за потоа да премине како тест возач во еден од најголемите тимови во историјата, Ферари. Следната година повторно се врати во Заубер за наредните две сезони.
Во 2006 година тој стана тимски колега Михаел Шумахер, во она што испадна да биде последната сезона на Германецот со Ферари, и тогаш тој таму уживаше најуспешен период во неговата кариера.
(1).jpg)
Во првите три години со италијанскиот тим бразилецот дојде до 27 подиуми, од кои 11 искачувајки се на највисокото место. Во 2008та ќе беше и светски првак, да не беше претекнат од Луис Хамилтон во последниот круг, замислете, на домашното градн при за Маса. Тогаш Хамилтон ја освои титулата за 1 бод.
|