Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Citroen CXperience е футуристички концепт со ретро елементи
 
Spodeli
30 August 2016, 16:55


Citroen CXperience е футуристички концепт со ретро елементи  Citroen CXperience е футуристички концепт со ретро елементи
На Саемот во Париз, Citroen повторно ќе ги погали чувствата на посетителите со нов лимузина концепт, кој изгледа како буквално да допатувал со временска машина од иднината...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во CXperience може да се види цела експертиза на Citroen во поглед на дизајнот – автомобилот го карактеризира исклучително долго меѓуоскино растојание од 3 метри вградено во релативно „кратка“ каросерија со должина од 4,85 метри.

Ова придонесува концептот да изгледа прилично компактно и агресивно и покрај меките линии на каросеријата. Футуристичките линии се придружени и со форма која потсетува на моделите на Citroen од минатиот век, како супер популарниот DS.



Под хаубата, како и скоро кај секој концепт денес, се наоѓа хибриден погон со бензински и електричен мотор, кој има заедничка сила од 305 КС. Хибридниот погон е спарен со автоматски менувач со 8 степени. Електричниот мотор се напојува од батерии кои можат да се наполнат однадвор и да овозможат автономија од 60 километри, а се полнат 2,5 часа.



Овој концепт скоро сигурно нема да пристигне на пазарот, но очекувајте многу дизајнерски елементи оттука да се преселат на некој од идните модели на Citroen или DS луксузниот бренд.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил