Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Lada XCode е компактен SUV концепт кој најавува светла иднина за рускиот производител
 
Spodeli
30 August 2016, 16:36


Lada XCode е компактен SUV концепт кој најавува светла иднина за рускиот производител  Lada XCode е компактен SUV концепт кој најавува светла иднина за рускиот производител
На саемот во Москва, кој ретко е на радарот на оние кои сакаат да ги посетуваат големите автомобилски саеми, Lada претстави концепт со кој буквално ги засени сите други изложени автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Навистина, досега многу пати сме се потсмевале на обидите на Lada да направи модерен автомобил, но XCode навистина заслужува респект. Овој концепт изгледа подобро од скоро сите конкуренти, можеби и најдобро во класата на компактните теренци. Дизајнот е агресивен и спортски и најважно, не изгледа како да е копиран од друг автомобил.



Сериската верзија на автомобилот треба да лежи на B0 платформата на Renault-Nissan, на која лежат и Vesta и XRay. Под предната хауба најверојатно ќе се вградува турбо бензинец, додека ќе биде понуден и модел со погон на сите четири тркала, за кој се надеваме дека ќе пренесе барем мал дел од способностите на легендарната Niva.



За разлика од многу други концепти на Lada, овој ќе го доживее светлото на денот и тоа во втората половина на наредната година. Очекувајте цени кои ќе бидат конкурентни на Dacia Duster.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил