Ова се должи на големата офанзива со модели на Mercedes-Benz, која е предводена од новата E Class, но и кросоверот GLC. Тие во првите седум месеци од годинава продадоа 1,17 милиони возила и имаа двојно поголем раст од BMW, кој заврши со 30.000 продадени возила помалку.
Разликата е мала, но според аналитичарите доволна за Mercedes-Benz да остане на првото место и до крајот на годината. Причина за ова е што BMW нема претерано нови модели во овој момент, а особено нивниот најпродаван модел Серија 3 е веќе неколку години на пазарот.
Audi заврши на третото место со продажба од 1,1 милиони возила, што значи дека и производителот од Инголштад е многу близу до своите конкуренти од Германија.
|