Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Tesla Model X има големи проблеми со квалитетот и доверливоста
 
Spodeli
03 August 2016, 16:38


Tesla Model X има големи проблеми со квалитетот и доверливоста  Tesla Model X има големи проблеми со квалитетот и доверливоста
Дека најпопуларниот нов производител во автомобилизмот има проблеми со квалитетот на своите возила не е ништо ново, но новиот SUV наречен Model X е особено расиплив...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Идејата на Tesla секако била да го направи Model X што поразличен од конкуренцијата, како да електричниот погон не е доволен, па првиот целосно електричен SUV модел во светот има задни врати кои се отвораат нагоре. Сето тоа делува добро вака на фотографии, но во пракса се покажа како систем кој премногу често се расипува.

Имено, постар брачен пар од Њу-Јорк наишол на проблеми со автомобилот уште во првите неколку километри откако го подигнале од дилерот (за кој платиле 138.000 долари!). Најмногу проблеми имало со задните врати – левата не сакала да се затвори, додека десната не сакала да се отвори однадвор. Потоа, една од вратите не почувствувала кога имало препрека и добро се изгребала од неа, оставајќи го автомобилот прилично оштетен од страна.



Многу сопственици на Model X се жалат и на големото ветробранско стакло, кое целосно ги дисторзира светлата на автомобилите напред и уличните светла, правејќи многу пречки во видот на возачот, што може да биде особено заморно и опасно на подолги патувања. Ова е проблем кој реално не може да се среди – автомобилот е така дизајниран уште во старт.

Интересно, според истиот сопственик погоре, системот за греење во Model X не е доволно добар за полади клими во северот на САД. Ова и може да е точно – додека кај стандардните мотори загревањето на кабината се врши преку топлината од агрегатот, кај електричните возила тоа мора да се прави со посебни грејачи, кои треба да трошат особено многу струја за да ја загреат кабината, што пак се коси со достапната автономија со едно полнење.

На крај, вреди да се споменат и проблемите со авто пилотот на Tesla, кој иако сѐ уште не е вистински подготвен за патиштата, производителот се одлучи да им го понуди како надградба на корисниците, нешто на кое веројатно не би се одлучил ниту еден друг производител.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил