Иако во медиумите се зборува за "криза" и дека техничкиот шеф Џејмс Алисон е на пат да го напушти тимот, минатата недела Маурицио Аривабене - шеф на тимот, негираше дека и возачот бр.1 Фетел може да го загуби трпението.
Но, во публикациите, вклучувајќи го шпанскиот весник “Марка“, го цитираат Германецот: "Генерално, трпението не е карактеристика на еден возач на трки, бидејќи тоа е спротивно на сите негови принципи.
"Но, за некои работи знаеме дали треба повеќе или помалку време", додаде тој пред почетокот на неговиот прв домашен Grand Prix, како возач на Ферари во Хокенхајм.
"Моето преминување во Ферари не беше базирано на тоа дека работите ќе функционираат само до утре. Тимот повторно се изградува, а за тоа е потребно време", изјави Фетел.
Дваесетидевет годишниот Фетел, изјави дека се надева дека неговото присуство во црвениот автомобил, разгорувајќи сеќавањата на најголемиот син на Германија Михаел Шумахер, ќе претставува позитивен момент за навивачите.
"Тоа ќе биде многу добро", одговори тој на прашањето дали тоа ќе го зголеми бројот на гледачите. "Според мене, мислам дека е навистина посебно да се вози Ферари за прв пат во Германија.
"Ајде да видиме дали луѓето исто така, сметаат дека тоа е посебно и дали ќе има повеќе црвени капчиња отколку сребрени", се насмевна Фетел.
"Хапенхајм (неговото место на живеење) не е далеку од Хокенхајм, само половина час, па ќе има многу од моето семејство и пријателите на патеката, што го прави уште попосебно.
"Почнав да се тркам на картинг во Валдорф, што е оддалечено само 5 километри, па тоа е како да се тркам во мојата дневна соба", додаде тој.
Фетел во моментов живее со својата партнерка и малолетните деца во Швајцарија, но истакна дека ништо нема да го промени неговиот "идентитет" како Германец.
"Се разбира, јас во моментов живеам во Швајцарија, но моето семејство и повеќето од моите пријатели се сеуште дома", рече тој.
|