Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Lamborghini Miura ја прослави својата 50-годишнина од филмот “The Italian job”
 
Spodeli
15 July 2016, 17:28


Lamborghini Miura ја прослави својата 50-годишнина од филмот “The Italian job”  Lamborghini Miura ја прослави својата 50-годишнина од филмот “The Italian job”
Како дел од прославата по повод 50-годишнината од Miura, Automobili Lamborghini испрати два автомобили Miura од својот музеј, по должината на трасата која се користеше во филмот "Италијанска работа", во режија на Peter Collinson....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поаѓајќи од Sant'Agata Bolognese, каде што се наоѓа фабриката и музејот на Lamborghini, сегашните V12 модели на Lamborghini, вклучувајќи ги Aventador Coupé, Roadster, Superveloce и Superveloce Roadster, се вратија во седумдесетите години на минатиот век преку Pianura Padana, со попатни станици во Vigevano и Аosta, пред да се сретнат со легендарната Miura.
 
 
Колуминација на настанот беше римејкот на секвенцата од отворањето на култниот филм од 1969 година, возејќи ги автомобилите нагоре по острите кривини на италијанскиот регионален пат “27“, на преминот Grand St. Bernard, во срцето на италијанските Алпи.
 
За време на настанот, "татковците" на Miura се состанаа на тркалезна маса со сегашните одговорни лица за дизајнот и развојот на Lamborghini, во срдечно повторно обединување, сеќавајќи се на највредните фази од развојот на овој автомобил – икона. Собрани беа инженерите Gian Paolo Dallara и Paolo Stanzani, кои беа задолжени за техничкиот развој на Miura, и инженерот Marcello Gandini, одговорен за надворешниот дизајн во име на Carrozzeria Bertone.
 
 
Возила од Anas (италијанска компанија во сопственост на владата, која ги гради и одржува патишта) и Polizia Stradale (патрола на автопат) беа во придружба на суперспортските автомобили Lamborghini, до преминот Great St. Bernard Pass, кој беше отворен само на еден ден, посебно за овој настан.
 
Првиот автомобил Miura, обновен од страна на Lamborghini PoloStorico, беше исто така вклучен во прославата: Miura шасија # 4846, ја доби наградата Trofeo BMW Group Italia на Concorso di Eleganza Villa D’Este, која е престижната награда за која беше одлучено со јавно гласање.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил