Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Галерија подивени Jeep-ови
 
Spodeli
14 July 2016, 18:10


Галерија подивени Jeep-ови  Галерија подивени Jeep-ови
Една од најдобрите работи во врска со брендот Jeep низ историјата е т.н. “blank canvas“ (бел лист хартија) што им овозможува на ентузијастите самите да си ги персонализираат нивните возила. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Истото важи и за инженерите и дизајнерите кои работат на џипови. Дизајнерите на Fiat Chrysler и нивните корпоративни претходници, имаат изградено серија на специјализирани возила Jeep за годишниот Велигденски Jeep - Сафари во Моаб, Јута, кој започна уште во 2002 година. 
 
Во текот на својата историја, Jeep покажа голем број на високи концепти на авто презентациите, за докажување дека прифаќа дизајн- идеи од страна на потрошувачите. 
 
Концептните возила често беа диви интерпретации на минатото на Jeep, враќајќи го вниманието на цивилните, како и воените корени на брендот.
 
Еве осум од првите концептни автомобили кои Jeep  ги покажа во текот на годините:
 
Dakar (1997)
 
Прво навестување на она што би ја зголемило популарноста беше додавањето две врати на Wrangler, еден од најпознатите историски дизајни  на Jeep.
 
 
 
Jeepster (1998)
 
V-8 погон, со четири седишта, спортски автомобил со погон на четири тркала, отворен кров и „остра“ кровна линија за подобра аеродинамика. Иронично е што 18-годишниот, веќе стар стил може да дочека нов живот во следната генерација на Wrangler.
 
 
 
Gladiator (2005)
 
Стилизираниот пикап на Wrangler е изграден на рамката од Ram 1500, но кај фановите на Jeep започнаа гласини за враќање на пикап рамката на вистинското тело на Jeep.
 
 
 
Hurricane  (2005)
 
Два Hemi мотори, два менувачи, суперлесна каросерија од карбонски влакна и погон на четири тркала.
 
 
 
Nukizer 715 (2010)
 
Со респект кон воените пикапи на Jeep, Nukizer ги премина пречките во Моаб како дивокоза.
 
 
 
J12 (2012)
 
Wrangler пикап со надворешен стајлинг директно преземен од пикап сценариото на J-серијата. Тој имаше клупа со карирана внатрешност за комплетирање на ретро изгледот.
 
 
 
Mighty FC (2012)
 
Еден од најскапите концепти на Jeep било кога, кој бил направен за Моаб, е Mighty FC, кој претставува враќање кон џиповите со предна контрола – „Forward Control Jeeps“ од доцните 1950 ти. Изграден на флексибилна Wrangler рамка, вредеше 50.000 долари.
 
 
 
Chief (2015)
 
Голема, Wrangler-базирана сурф-машина со внатрешност од тиково дрво и без странични прозорци, со декорации  од 1970 година.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил