Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Tesla обвинети за лажна „коњажа“
 
Spodeli
04 July 2016, 03:07


Tesla обвинети за лажна „коњажа“ Tesla Model S Tesla обвинети за лажна „коњажа“
Норвешки совет: Тесла должи казни за неточно прикажани цифри за коњски сили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поради даночни кредити и повластувања за  “зелените“ автомобили, Норвешка е една од главните пазари за Тесла, но во случајов се работи за лажно прикажување на излезната моќност.
 
Сопствениците на Тесла во Норвешка - вториот по големина пазар на креаторите на електрични возила - поднесоа тужба за излезната моќност на Model S P85D и изгледа дека ќе се  спогодат  за 6.000 долари дневна исплата.
 
Проблемот произлегува од Тесла кој го претстави  својот  автомобил  како да произведува 691 КС (467 КС од задниот мотор и 224 КС напред). 
При тестирање на динамометарот сосема не одговарале тие бројки, бидејќи Тесла излезе со бројка за нивните коњски сили само со додавање на излезот (output) на предниот и задниот дел заедно. 
 
Тесла неодамна го смени начинот на кој тие ја промовираат својата моќност, со намалување на наведениот број од 691 КС во P85D, до 532 КС во P90D со режимот на Ludicrous.
 
Сепак, повеќе од 150 сопственици на P85D се чувствуваа измамени за бројката на коњските сили и поднесоа иницијатива до Советот на потрошувачи на Норвешка. 
Советот одлучи на страната на Тесла, но кога истата група го претстави проблемот пред комисијата за спорови на потрошувачи, тие одлучија во корист на сопствениците на Model S.
 
Оваа казна нема да биде евтина за Тесла, бидејќи моделот S е всушност најдобро продаваниот автомобил во Норвешка. Со даночните одбитоци и разни други бенефиции што ги добивате за возење електричен автомобил, Model S е половина од цената на BMW серија 7 или Porsche Panamera. 
 
Може да се случи Тесла да биде на тенок мраз за повеќе од милион долари, ако се соберат исплатите на  сите сопственици  на Моdel S P85D. 
 
Борбата сеуште не е завршена, иако: Одлуката за Тесла се уште е на разгледување и може да следи жалба...
 

 


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил