Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Автопилотот на Tesla ја донесе првата смрт!
 
Spodeli
01 July 2016, 15:20


Автопилотот на Tesla ја донесе првата смрт! Tesla Model S Автопилотот на Tesla ја донесе првата смрт!
Tesla Model S со вклучен автопилот направи сообраќајна несреќа со фатални последици....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Несреќата се случила на автопат во централна Флорида кога трактор со приколка возел непосредно пред автомобилот Tesla Model S. Приколката не ја забележале ни автопилотот, а ни возачот, за кого од Tesla тврдат дека е виновен за сообраќајката. Основачот и сопственик на Tesla Motors, Elon Musk на Tweeter изјави дека радарот на возилото не помогнал во овој случај бидејќи приколката била доста високо поставена во однос на асфалтот и тој ја препознал како знак на автопатот. Автопилотот е така сетиран, се со цел да се избегне кочење без причина кога има висечки авто-патокази на патиштата.
 
Токму поради високата поставеност, возилото влетало под приколката, а безбедносните системи не се вклучиле. Причината за тоа е што сензорите за удар се на долниот дел од предницата на автомобилите, па удар во висина на ветробранското стакло завршува фатално.
 
„Автопилотот станува се подобар од ден за ден, но не е совршен и сеуште бара претпазливост и од возачот.“ – изјавија од Tesla.
 
Нестеќата се случи на 7-ми Мај во областа на Williston, Florida, а возачот е 40 – годишниот граѓанин на Охајо, Joshua Brown. Возачот на тракторот не е повреден.
 
Од Tesla велат дека автопилотот, досега е користен за повеќе од 130 милиони милји, а во просек, фатална сообраќајка се случува на секои 94 милиони милји во САД и на секои 60 милиони ширум светот. Истрагата на Националната администрација за безбеден транспорт на автопат (NHTSA) ќе донесе прелиминарна одлука со која ќе се детерминира дали авто-пилотниот систем работи соодветно, што може да биде прекурсор за безбедносен потег како што е повикување на возилата за повторно подесување.
 
Во објава на блог, од Tesla велат дека од купувачите се бара да се согласат со фактот дека системот е во фаза на „јавно (beta) тестирање“, пред да можат да го користат и дека се претпоставува возачите кои го користат во секое време да ги „држат рацете на волан“ и дека возачите се тие кои треба да одржуваат контрола и одговорност на возилото. За регулаторите, овој систем е нов, а правилата за вакви случаи сеуште не се донесени за јавноста.
 
Некои експерти во областа на автономното возење ја критизираат Tesla за претставувањето на автопилотот како систем за користење толку рано, а инжинер на Volvo вели дека системот толку „мазно“ се снаоѓа во многу ситуации, што на возачите им дава сигурност дека тој може да се справи со било каква ситуација. Но, тоа не е случај и возачот е сеуште одговорен за постапките на возилото, дури и кога автопилотот е вклучен.
 
Неколку производители на автомобили, кои работата на слични системи, вклучувајќи ги General Motors со Super Cruise, сеуште го тестираат автопилотот приватно и велат дека нема да го вградуваат во своите возила додека не е сосема спремен.
 
Oд Volvo велат дека кога тие ќе го вградат својот систем во своите производствени возила, ќе преземат целосна одговорност доколку нешто се случи додека возилото е во целосен автономен режим. Лимитирана пробна верзија на нивната Drive Me – автономна технологија ќе биде пуштена следната година.
 

Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил